Пејачката Марина Висковиќ (38) уште еднаш докажа дека е голем хедонист, но и неверојатно великодушна кога се во прашање нејзините најблиски. Таа одлучи да ги поведе своите две блиски пријателки на незаборавно седумдневно патување на Миконос, за кое издвои солидна сума од 20.000 евра за седум дена.
Марина Висковиќ овој пат сакаше и нејзините пријателки да доживеат вистински луксуз. Таа сама ги резервирала авионските билети и најлуксузниот хотел, а само им рекла на пријателките да се спакуваат бидејќи одат на патување кое набрзо се претворило во луда женска забава.
Кога пристигнале на еден од најлуксузните грчки острови Миконос, пријателките останале без здив. Во хотелот ги дочекал врвен луксуз, најдобра храна, ексклузивни пијалаци, како и секојдневна козметички третмани. Бидејќи прекрасните плажи се само на неколку чекори од хотелот, девојките секојдневно уживале во ексклузивните барови и скапите коктели.
View this post on Instagram
Додека Марина летувала со своите пријателки на Миконос, нејзиниот избраник морал да остане во Дубаи поради деловни обврски. Инаку, претходно во медиумите беше објавено дека нејзиното момче милионер ѝ подарило луксузна недвижност вредна дури три милиони евра на оваа престижна дестинација.
– Нејзиното момче има целосна доверба во неа и на памет не му паѓа да ѝ забрани да патува затоа што тој не може да оди. Свесен е дека таа треба да се одмори, да биде сама со своите пријателки и да ужива во женските моменти. Тој ѝ даде одврзани раце и е сигурен дека нема причина за грижа – рекол изворот и додал дека Марина издвоила значителна сума за уживањето во Грција:
– Со другарките ќе летува седум дена, а со оглед на тоа што Миконос е најскапиот грчки остров, издвоила сума од која на многумина им се врти во главата. Сместувањето во хотел, забавите, коктелите и секојдневниот шопинг ќе ја чинат 20.000 евра, но таа нималку не жали. Ги обожава своите пријателки и знае дека и тие би го направиле истото за неа.
