11.8 C
Скопје
16:02 - 16 октомври, 2026

Се огласи девојката која Милан Калиниќ ја удрил во станот: „Сакам само да…

Милан Калиниќ на 29 декември беше пријавен за насилство од девојка А. В., а откако во јавноста се појави информација дека до инцидентот дошло по расправија, таа проговори за медиумите.

Како што вчера неофицијално објавија српските медиуми, Калиниќ ја удрил девојката во глава, што тој го негираше, но се појавиле и наводи дека и таа била насилна кон него. Според извор запознаен со случајот, на сè претходел повик од жена на која актерот одговорил и рекол дека е со другарка. По овие зборови А. В. му рекла на Милан: „До кога ќе ме криеш!?“ , а потоа настанал хаос. Таа наводно го удрила во меѓуножјето.

Новинарите се обиделе да стапат во контакт со неа, а таа одговорила на повикот и кратко порачала:

– Би сакала да одморам малку. Навистина ми треба мир во моментов. Кога ќе посакам да се огласам во медиумите, ќе го направам тоа – изјавила таа за српски „Телеграф“.

Да потсетиме, актерот и водител Милан Калиниќ, кој со години реди скандал по скандал, на 29 декември во стан во Нов Белград ја удрил својата девојка А.В. (40). Калиниќ се предал во полиција и му била изречена итна мерка забрана за приближување и комуникација. Жената наводно рекла дека Милан ја удрил по глава во станот. Таа ја одбила помошта на лекарот од итната помош и на полицијата ѝ рекла дека ќе оди кај својот лекар.

Милан Калиниќ се огласи за медиумите откако се појави веста дека нападнал девојка.

– Видов што е напишано. Ја знам девојката, ги видов овие иницијали, но не знам зошто вакви пишувања. Никого не сум допрел ниту со прст – изјавил Калиниќ за „Блиц“.

 

Слични објави

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.

Слоба Радановиќ отворено за неверството што му го промени животот, земјотресот на Хиландар и поддршката од сопругата Јелена

Е.А.

(Фото) „Јас го сакам животот и животот ме сака мене“: Лила Филиповска го прослави 55. роденден покрај море

К.С.

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.

Тони Цетински се прости од татко му со потресна порака: „Посакувам уште еднаш да те прегрнам“

Еспресо

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.
Се вчитува....