5.8 C
Скопје
12:56 - 21 февруари, 2026

Се огласи адвокатот на Боба Живојиновиќ: Откриени сите детали од аферата поврзана со продажбата на јахтата

Полициските службеници на Управата на криминалистичката полиција (УКП) го уапсиле Н. Р. од Белград аа кривично дело измама на штета на Слободан Боба Живојиновиќ, сопругот на познатата пејачка Лепа Брена.

Според анводите на истрагата, Ранковиќ го сторил кривичното дело така што лажно го прикажал договорот за купопродажба на пловилото што го продал за сума од околу 350.000 евра.

Истрагата утврдила дека Ранковиќ ја фалсификувал документацијата за да ги доведе во заблуда за вистинските права врз пловилото, што ја овозможило оваа измама, пишува српски „Телеграф“.

Јавното обвинителство во Белград му одредило на Ранковиќ мерка притвор до 48 часа, по што е предаден на надлежниот обвинител, па пуштен да се брани од слобода.

Сепак, компанијата инволвирана во целата приказна поднела пријава и против Слободан Живојиновиќ, кој завчера беше сослушан во Обвинителството.

Адвокатот на Боба Живојиновиќ откри што се случило и како настанал овој епилог.

– Боба има два брода, по што решил да го продаде помалиот. Станува збор за постаро пловило од 1999 година, долго околу 15-16 метри. Стоело во пристаништето во Херцег Нови, но регистрацијата беше Хрватска.  Н. Р. дошол кај Живојиновиќ како купувач. Се договориле за цената и склучиле договор бидејќи Н. Р. го плаќал на рати. Тој го потпишал и полномошното дека Н. Р. може да вози брод. Кога го платил бродот, морал да склучи договор кој требало да биде заверен во Белград. Тука почнува манипулацискиот дел, Боба еднострано го потпишува договорот сметајќи дека Н. Р. претставник на фирмата и дека документите, од некоја причина, мора да бидат заверени во Црна Гора. Боба тогаш не видел ниту еден од другите луѓе од фирмата, верувајќи дека Н. Р. е нивен претставник – објаснува Миша Петровски и продолжува:

– На сметката на Живојиновиќ легнале 35.000 евра, кои ги подигнала неговата асистентка и му ги предала на Ранковиќ, кој во меѓувреме се јавил дека регистрацијата на бродот сепак мора да биде регистрирана на физичко лице. Боба тоа го потпишал.

Целиот случај почнува да се расветлува кога се огласува фирмата „Харинтер“, која сега ги товари и двајцата.

– Излегува дека Н. Р. го препродал бродот за други пари и го довел Боба во заблуда дека е претставник на таа компанија. Ние вчера ги однесовме сите докази, потпишавме договори, скриншотови од пораки и ги прикачивме. Живојиновиќ се изјасни во обвинителството, а денеска треба да бидат сослушани сопственикот и директорот на таа фирма. Ранковиќ призна дека го измамил Боба и е пуштен да се брани од слобода. УКП разреши сè како што требаше. Суштината е дека Боба бил изманипулиран – објаснува адвокатот Петровски.

Слични објави

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо
Се вчитува....