13:32 - 16 септември, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Гинекомастија – ендокринолошки и естетски проблем

Најкарактеристични фактори што укажуваат на потребата од хируршка интервенција се сериозни психолошки или естетски проблеми, продолжено зголемување на дојките и зголемена чувствителност.

Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се појавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и женските хормони. При изразена гинекомастија, дијаметарот на дојките е поголем од 4 см и чувствителноста е зголемена.

Зголемувањето на жлезденото ткиво треба да се разликува од натрупување на масно ткиво. Гинекомастијата е нормално да се појави кај новороденчињата, во пубертетот и кај постарите лица.

Патолошката гинекомастија може да настане заради недостиг или намалено количество на андрогените хормони (машките полови хормони), независно која е причината за намалувањето, што укажува на нарушен сооднос меѓу естрогените и андрогените хормони.

Кај речиси две третини од момчињата и половина од хоспитализираните возрасни мажи со симптоми на гинекомастија се јавува бенигна жлездена маса, која може да се почувствува при допир. Доколку постои неодамнешна активација на болеста, нејзино брзо напредување и при зголемена чувствителност, особено кај лицата со помала телесна тежина, се препорачуваат подетални ендокринолошки иследувања.

Доколку навреме се дијагностицира и се контролира причината која предизвикува гинекомастија, симптоматското зголемување на дојките кај пациентот обично се повлекува за неколку месеци. Сепак, доколку станува збор за подолготрајна форма на болеста, се препорачува хируршка интервенција како најефикасна терапија.

Најкарактеристични фактори што укажуваат на потребата од хируршка интервенција се сериозни психолошки или естетски проблеми, продолжено зголемување на дојките и зголемена чувствителност. Кај речиси половина од пациентите со болна гинекомастија не може да се изведе хируршка интервенција и се препорачува терапија со антиестрогени лекови како најефикасни во намалување на симптомите и големината на дојките.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање, закажете термин или консултирајте се на тел. 02 3091 484

Слични објави

За сите убави моменти што допрва доаѓаат – есенската колекција на свечени фустани пристигна во „Прагма“

Еспресо

Да се потсетиме на Калиопи во „Среќна Нова ’49“: „Пиши ми“ како дел од незаборавната филмска атмосфера

Т.Ц.

(Фото) „Сѐ е помалку важно од семејството“: Јована Јеремиќ отиде да ја земе ќерка си од училиште со свршеникот

Еспресо

(Видео) Тамара Тодевска со Хана и Дарен приреди изненадување на плажа – погледнете ја реакцијата на Тијана

Еспресо

(Видео) Јелена Карлеуша за односот со Душко Тошиќ: „За 17 години брак никогаш не ми кажа убав збор“

Еспресо

(Фото) Семејна идила покрај море – Александра Јовановска од МТВ на прв одмор со Лука и Ангел

Еспресо
Се вчитува....