18:20 - 17 ноември, 2026

Карлеуша го „победи“ Фута: Поп дивата го врати својот Јутјуб канал со целата дискографија

Најголемата регионална музичка ѕвезда Јелена Карлеуша успеа да го врати официјалниот канал на платформата Јутјуб, за чие затворање беше одговорен композиторот Александар Радуловиќ.

Во август 2023 година, непосредно пред објавувањето на албумите „Алфа“ и „Омега“, Јелена Карлеуша го загуби својот официјален профил на Јутјуб.

Зад затворањето на каналот на Јелена стоеше Александар Радуловиќ Фута, композиторот и наследник на авторските права на Марина Туцаковиќ, со кого поп-ѕвездата со месеци разменуваше остри зборови низ медиумите, обвинувајќи го за сквернавење на нејзиниот имиџ и дело.

По објавувањето на новите проекти на новиот канал, кој има речиси 100.000 следбеници, ЈК една година подоцна, како што дознава српски „Информер“, успеала да го врати стариот во кој се наоѓа целата нејзина дискографија, вклучувајќи ги и албумите „Магија“, „ЈК Револуција“ и „Дива“.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо

(Видео) Песната ја вратила од годините на молк по смртта на синот – Кратово со концерт ќе се сеќава на Вања Лазарова

Еспресо

(Фото) Северина во издание што не поминува незабележано: палто претворено во фустан, градник и кристали

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи промена, ја покажа новата фризура: „Најлошо е кога ќе отидеш на фризер за да те потстриже и…“

Еспресо

Таблета за машина за садови во бањата — дали трикот навистина ги отстранува белите траги од туш-кабината?

К.С.

(Фото) „20 месеци болка и недостиг“ — Ана Костадиновска со спомен за Сара Пројковска и колегите од ДНК

К.С.
Се вчитува....