10:18 - 3 април, 2026

Само Чак Норис му оди на сонцето во очи: Славниот актер денеска полни 80 години, а ова се најдобрите вицови за него! (ФОТО)

Американскиот актер, продуцент, сценарист и мајстор за боречки вештини, Чак Норис денеска полни 80 години. Роден е на денешен ден во 1940 година.

Во едно интервју Чак Норис потполно сериозен раскажа дека неговата мајка се породувала седум дена кога го донела на свет, а кога се родил не дишел и дека докторите го вратиле во живот. Неговата мајка поминала четири дена на интезивна нега, а кога за првпат го земала во раце му кажал дека Господ има големи планови за него.


По повод неговиот роденден, ви ги пренесуваме најпопуларните вицови за Чак Наорис.

– Очигледно мајка му била во право со оглед на дека дека зборуваме за човекот кој кива со отворени очи и косата ја мие со солна киселина.

– Чак Норис сам себе се држел на крштевката.

– Кога сите деца си играле во песокот, Чак Норис играл на бетонот.

– Чак Норис му оди на сонцето во очи.

– Кога Чак Норис ќе влезе во автобус и контролата купува билети.

– Чак Норис со јаболко го изострил ножот.

– Чак Норис броел до бесконечно… два пати.

– Дошла смртта со маска и коса и оди од врата на врата. Доаѓа до една врата, ѕвони, а вратата ја отвара Чак Норис. Смртта го гледа Чак Норис, ја гледа тој смртта, кога одеднаш смртта крева раце и вели: Маскенбал!

– Чак Норис двапати го испуштиле кога бил бебе. Првиот пат на Хирошима, вторипат на Нагасаки.

– Чак Норис има „Ајфон“ со цело јаболко на него.

– Зошто Чак Норис не глумел во „Титаник“? Па, сите би ги спасил.

 

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј во невидено издание

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....