5.8 C
Скопје
21:45 - 12 март, 2026

Родена е Дасти Спрингфилд, „Rolling stones“ го објавија првиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На денешен ден, 16 април, низ музичката историја се случија неколку важни настани кои оставија белег во оваа уметност до денеска, а за кои ќе имате прилика да прочитате во продолжение…

1939 година – Родена е Дасти Спрингфилд, британска пејачка, една од ретките женски учеснички во британската инавазија во шеесеттите години од минатиот век, која поголем успех имаше во Америка отколку во татковината.

1947 година – Роден е Гери Раферти, шкотски пејач и лидер на групата „Stealers wheel“.

1956 година – Чак Бери ја сними песната „Roll over Beethoven“, со која ја започна доминацијата на звукот на електричната гитара во рокенролот, поради што овој ден се смета за еден од позначајните за рок музиката.

1958 година – Роден е Душан Дуда Безуха, гитарист во групите „Булевар“, „Сунцокрет“, „Зона Б“ и во составот на Ѓорѓе Балашевиќ, односно признат тонски инженер и продуцент.

1960 година – Роден е Драган Кремер, ценет белградски рок критичар, новинар и публицист во осумдесеттите години од минатиот век.

1964 година – „Rolling stones“ го објавија својот истоимен деби албум, со кој две седмици подоцна избија на првата поизиција на британската листа на албуми и овде останаа три месеци. Истовремено, тоа беше еден од најдобро продаваните албуми во Велика Британија во 1964 година.

 

1996 година – Американската рап метал група „Rage against the machine“ го објави вториот албум „Evil Empire“, од кој песната „Tire me“ освои Греми награда, а нумерите „Bulls on parade“ и „People of the sun“ добија номинација за најдобра хард рок изведба.

1999 година – Американскиот експериментален автор и пејач Том Вејтс го издаде својот 12 студиски албум под назив „Mule variations“, за кој доби и Греми, додека песната „Hold on“ беше номинирана за најдобра рок изведба.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....