4.8 C
Скопје
08:07 - 16 март, 2026

Роден е Џејмс Тејлор, „Velvet underground“ на чело со Лу Рид го објавија својот деби албум и други настани кои ја одбележаа музиката на историјата…

На денешен ден низ музичката историја се родени неколку личности кои подоцна стануваат значаен дел од оваа индустрија, а исто така објавен е деби албумот на „Velvet underground“, кој засекогаш ќе остане запаметен по својот впечатлив и несекојдневен омот. 

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на 12 март: 

1948 година – Роден е Џејмс Тејлор, американски пејач, петкратен добитник на Греми награди и еден од музичарите кои се дел од куќата на славни на рокенрол музиката. Тејлор е дел од кругот на најдобро продаваните артисти на сите времиња, со продажба поголема од 100 милиони албуми ширум светот.

1949 година – Роден Мајк Гибинс, тапанар на британската рок група „Badfinger“.

1953 година – Роден Мирослав Цветковиќ Цвеле, басист на групата „Бајага и Инструктори“.

1956 година – Роден Стив Харис, басист на групата „Iron Maiden“.

1967 година – Излезе дебитантскиот албум на арт рок групата „Velvet Underground“, под назив „Velvet underground and Nico“. Нико беше германска актерка и модел, која со доаѓањето во Америка почна да се занимава и со рок музика, а покрај овој албум, таа објави уште 15 сопствени. Најпозната песна од првенецот на „Velvet Underground“ е поемата „Heroin“ на Лу Рид, а албумот влезе во историјата и благодарение на оригиналниот омот на легендарниот Енди Вархол, на кој се наоѓа слика од банана, поради што и самиот албум стана познат под називот „банана“!

Магазинот „Ролинг Стоун“ го стави на 13. место од листата на 500 најзначајни албуми на сите времиња.

1979 годинаРоден Пит Доерти, гитарист и пејач во групата „The Libertines“.

2001 година – Полската издавачка куќа „Zic Zac“ објави еден необичен албум под назив „Југотон“. Станува збор за компилација од обработки на некои од најславните песни од новиот бран на екс-ју рок музиката, а во изведба на познати рок изведувачи од Полска. Помеѓу песните кои полските рокери ги свиреа се најдоа и хитовите како „Црно бели свет“, „Ухвати ритам“, „Ретко те виџам с девојкама“ и други одбрани песни од бендови како „Електричен оргазам“, „Бајага и инструктори“, „Филм“ и „Хаустор“.

Слични објави

Хороскоп за 16 март: Стрелци, фокусирајте се на оптимизмот и ќе доживеете прекрасни љубовни моменти

Еспресо

Никол Кидман има необичен ритуал пред Оскарите: Тоа ме приземјува и тоа е она што обично го правам во неделите

Еспресо

Ги отпеа зборовите на љубовницата и ја откри аферата на познат политичар: Југославија зборуваше за шокантното неверство, а хитот на Јасна Злокиќ со години беше забранет

Еспресо

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо
Се вчитува....