23:02 - 22 декември, 2024

Роден е Боби Мекферин, објавена е првата и единствена „Екс-ЈУ рок енциклопедија“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден, барем кога е музиката во прашање, жителите  на поранешна Југославија ќе го паметат по објавувањето на првата „Екс-Ју рок енциклопедија“, во која можеа да уживаат сите љубители на рок културата од овие простори. 

Во продолжение порчитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на 11 март:

1950 година – Роден Боби Мекферин, автор на на големиот хит „Don’t worry be happy“.

1983 година – Американската хеви метал групата „Quiet Riot“ го објави албумот „Metal health“, своето трето и најуспешно издание, на кое посебно се истакнати песните „Metal health (Bang your head)“ и „Cum on feel the noize“, кавер од англиската глам рок група „Slade“.

1986 година – Југотон го издаде петтиот студиски албум на групата „Електричен оргазам“ под назив „Дисторзија“, кој со нешто покомерцијални песни привлече поголемo внимание кај поширокиот аудиториум. Хитовите како „Ја сам тежак како коњ“, „Дебела девојка“ и „Ја не постојим“, му донеа на бендот одличен тираж при продажбата на плочите, кои почнаа да ги пуштаат и најконзервативните локални радио станици во регионот.

1996 година – Селин Дион го објави својот четврти албум со песни на англиски под наслов „Falling into you“. Албумот стана еден од десетте најпродавани на сите времиња, а помеѓу бројните награди доби и Греми за најдобар албум на годината и најдобар поп албум. Најголеми хитови од ова издание се нумерите „Because you loved me“, „It’s all coming back to me now“ и „All by myself“.

1998 година – Објавено е првото издание на „Екс-Ју рок енциклопедија“ од страна на белградскиот новинар Петар Јанјатовиќ, како прва и се уште единствена енциклопедија за рок музиката на сите простории од државите на поранешна Југославија, а нејзината побарувачка го илустрира и податокот дека авторот потоа издаде уште три дополнувања на ова издание. 

2008 година – „Дубиоза Колектив“ го објавија четвртиот албум под назив „Фирма Илегал“, прв на кој сите песни се отпеани на мајчин јазик и од кој речиси сите нумери станаа големи хитови, а помеѓу нив се „Шути и трпи“, „Фирма илегал“, „Сви у штрајк“, „Блам“, „Власт и полиција“ и „Доста“.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....