Иако поминаа повеќе децении откога Мерилин Монро беше пронајдена мртва во нејзиниот стан, јавноста сè уште е фасцинирана од сè што остави зад себе холивудската икона. Тоа го потврдува и новата аукција која наскоро ќе прикаже предмети што го откриваат нејзиниот скриен свет, пренесува „Ројтерс“.
Предметите вклучуваат облека од гардеробата на актерката, накит, писма, рачно напишани белешки, слики и поезија.
Меѓу највпечатливите предмети што ќе бидат понудени на аукцијата се документи кои досега никогаш не биле јавно видени, а кои фрлаат светлина врз внатрешниот живот на Мерилин Монро. Документите даваат увид во нејзините романтични врски, стравовите поради изгубената бременост, како и во нејзините размислувања за смртноста.
„Луѓето и ден-денес ја сакаат и ја обожаваат Мерилин Монро“, изјави Брајан Чејнс, виш директор за Холивуд и забава во аукциската куќа Heritage Auctions за време на претставувањето на колекцијата во петокот.
Чејнс издвои еден особено емотивен запис од периодот кога Мерилин го снимала филмот „Некои тоа го сакаат жешко“. На парче хартија од хотелот Hotel del Coronado таа молела за помош бидејќи нејзините внатрешни психички борби се заканувале да ја нарушат целата продукција. „Непосредно пред речиси да се предозира, поради што мораа да го прекинат снимањето, напиша: ‘Се чувствувам како да се давам’“, се присети Чејнс.
„Во нејзините белешки може да се почувствува таа анксиозност“, додаде тој, посочувајќи дека Монро на истото парче хартија нацртала стапче потопено во вода, молејќи за помош. Скицата укажувала на проблемите со менталното здравје со кои актерката се соочувала во текот на целата своја кариера.
Мерилин Монро важи за светски секс симбол и за една од најпосакуваните жени, но пред Мерилин Монро, постоела Норма Џин, како што е вистинското име на фаталната блондинка. Имала тешко детство. Како дете живеела во дури 11 згрижувачки семејства откако нејзината мајка била сместена во институција, а една година поминала во сиропиталиште во Лос Анџелес.
За своите улоги била релативно лошо платена. На пример Џејн Расел, со која глумела во „Некои тоа го сакаат жешко“, заработувала дури 10 пати повеќе од неа.
Тешко се концентрирала на учењето на репликите во филмовите. Сцената во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“, во која требала да изговори само ‘It’s me, Sugar’, се повторувала дури 60 пати.
Обожавала кучиња и имала неколку. Последниот бил малтизерот Маф кој ѝ го подарил Френк Синатра.
Во 1953 година позирала за првата насловна страница на „Плејбој“ и станала првата зајчица. За фотографирањето добила 50 долари. Хју Хефнер во 1992 година за 50.000 долари купил гробно место покрај нејзиното.
Фотографии кои никогаш не биле видени од трудната Мерилин Монро продадени се на аукција. Нејзината блиска пријателка Фрида Хул ги криела сè до својата смрт во 2014 година, а пред тоа ја открила приказната која се крие зад нив.
View this post on Instagram
„Фрида беше многу горда што ги има тие фотографии. Биле снимени во летото 1960 година кога глумицата уште била во брак со Артур Милер. Бременоста морала да ја крие бидејќи тој не бил татко на детето. Мерилин тогаш се гледала со францускиот глумец Ив Монтан “, рекол соседот на Фрида.
Набрзо после тоа Мерилин имала спонтан абортус. Очајнички сакала да стане мајка, но никогаш не успеала во тоа. Пред ова изгубила две бебиња.
Уживала во голотијата. Често шетала гола во студијата за време на снимањата.
Приватната снимка на која Мерилин дава орален секс на непознат маж, еден њујоршки бизнисмен ја купил за 1,5 милиони долари. Црно-белото видео во траење од 15 минути овој бизнисмен од Менхетен го купил за да ѝ обезбеди безбедност на Мерилин и да го сочува споменот на неа. Се шпекулирало дека мажот на снимката е американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.
Во неделата по смртта на Мерилин Монро во Њујорк за еден ден се самоубиле дури 12 лица.
Аферата со Џон Кенеди
Најсексипилната глумица на сите времиња по повод 45. роденден на американскиот претседател Џон Кенеди во њујоршкиот „Сквер Гарден“, на својствен начин му го честитала роденденот на славеникот. Нејзиниот настап кој траел само една минута го пренесувала телевизијата и предизвикал големи реакции. Ја отпеала ‘Happy Birthday, Mr. President’ на сензуален начин со сексипилен глас, лесно воздивнувајќи.
Очевидците тврдат дека Џон Кенеди и Мерилин Монро веднаш почнале да флертуваат, а на крајот од вечерта Кенеди ѝ го побарал бројот. Следниот ден ѝ се јавил и ѝ предложил патување во Палм Спрингс давајќи ѝ до знаење дека Џеки нема да биде таму. Проблемот настанал кога таа станала опседната со него, а за Кенеди викендот со најпосакуваната жена на светот бил само уште една авантура.
„Тој заврши со неа после тој викенд. Дури и пред сите ѝ рекол дека и така не е материјал за прва дама.
View this post on Instagram
Мерилин била уверена дека Џон Кенеди ќе ја остави сопругата и ќе се ожени со неа, а на својата најдобра пријателка Џејн Кармен повеќепати ѝ рекла: „Замисли ме како прва дама“. Изворите тврдат дека Џеки Кенеди главно ги прифаќала без збор излетите на нејзиниот сопруг со други жени, но врската со холивудската дива најмногу ѝ пречела. Кога Мерилин Монро ѝ се јавила на Џеки Кенеди за да ѝ признае дека има афера со нејзиниот сопруг, тогашната прва дама само ѝ одговорила: „Одлично! Ќе се иселам од Белата куќа, а ти преземи ги сите обврски и проблеми“.
Мерилин го загрижувала Кенеди бидејќи имала долга историја на емоционална нестабилност и проблеми со алкохол, дрога и лекови. Наводно го завела и неговиот брат Роберт, кој исто така бил женет.
Пронајдена е гола на креветот со свилени чаршафи, со раката згрчена на телефонот. Констатирано е дека смртта е последица на прекумерната доза на барбитурати и дека веројатно се работи за самоубиство, но малкумина поверувале во тоа.
Листата на повиците од таа вечер е избришана.
Дневникот што го пишувала никогаш не е најден.
Положбата во која била – нозете ѝ биле испружени, е многу чуден за некој што умрел од предозирање, што значи дека телото е помрднувано по смртта.
Иако во крвта се пронајдени траги од барбитурати, пилулите не се пронајдени во желудникот, а на телото немало траги од убод од игла.
View this post on Instagram
