10.8 C
Скопје
21:11 - 17 октомври, 2026

 Речиси три милиони случаи на ковид во Северна Кореја; Локалните медиуми: „Ситуацијата е под контрола“

Според новинската агенција KCNA, благодарение на брзата реакција, властите успеале „ефикасно да го спречат и контролираат ширењето на болеста“. Ким Џонг-ун се појави на погребот на својот ментор без маска.

Во Северна Кореја има речиси три милиони „луѓе со треска“. Според новинската агенција КЦНА, во последните 24 часа се регистрирани 134.510 случаи, но нема смртни случаи. Вкупниот број на починати изнесува 68 и затоа се потврдува надолен тренд на инфекции.

Кцна им се заблагодарува на властите за „успехот во одржувањето на состојбата стабилна и забрзувањето на нејзиниот поволен развој“.

„За неколку дена од активирањето на максималниот систем за итна превенција на епидемијата, стапките на морбидитет и морталитет на национално ниво драстично се намалија и бројот на излекувани лица се зголеми, што резултираше со ефикасно спречување и контролирање на ширењето на болест, пандемија и одржување на јасно стабилна ситуација“, соопшти KCNA.

Според експертите, наведените бројки не се веродостојни и затоа што на земјата и недостасуваат соодветни тестови, а исто така недостасува и ефикасна мрежа за локално известување за смртни случаи и инфекции.

Во меѓувреме, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на погребот на висок функционер на режимот, маршалот Хјон Чол-хае, неговиот ментор. Џонг ун додје без маска. Марашалот, инаку, одиграл водечка улога во неговата обука – вклучително и војската – по смртта на неговиот татко во 2011 година.

„Со тешкотија потиснувајќи ја тагата за тешката загуба на решителниот револуционер“, напиша Родонг Синмун, најголемиот весник на режимот, „Ким го носеше ковчегот на погребот заедно со членовите на Президиумот на Политбирото“.

Погребот се одржа додека е на сила карантин низ целата земја, а на погребот присуствуваа 1.000 офицери и војници.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....