8.8 C
Скопје
16:48 - 27 март, 2026

РЕБЕЛ ВИЛСОН му покажа среден прст на Путин: „На сите знаковни јазици, ова значи исто!“

На овогодинешното доделување на филмските награди БАФТА, церемонија одржана во лондонскиот Ројал Алберт Хол, се собраа познатите личности, откако минатогодишната церемонија се одржа вирално поради пандемијата на коронавирус.

Водителка на овогодинешната церемонија беше австралиската актерка и комичар Ребел Вилсон, која за време на церемонијата му покажа среден прст на рускиот претседател Владимир Путин.

Ребел за време на церемонијата ја коментираше руската инвазија, а публиката ѝ аплаудираше кога таа направи непристоен гест гледајќи во камерата и му се обрати на Путин.

– На овој настан има два различни толкувачи, едниот за американскиот знаковен јазик, а другиот за британскиот знаковен јазик. За среќа, на сите знаковни јазици ова значи исто за Путин, изјави актерката и комичарка пред да го подигне средниот прст кон камерата.

Филмот The Power of the Dog во неделата освои две од најзначајните награди на овогодинешните БАФТА филмски награди, за најдобар филм и најдобар режисер (Џејн Кемпион), а научно-фантастичниот филм „Дина“ освои најмногу награди.

Слични објави

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо
Се вчитува....