7.8 C
Скопје
12:43 - 22 декември, 2024

Разговор со Војислав Димитровски, директор на „Лајка“: Долг е патот до висока јавна свест за ненапуштање на милениците

Вдомувањето куче се остварува минимум на втората средба меѓу потенцијалниот сопственик и домашниот миленик, се остава неколку дена време семејството да размисли дали миленикот е соодветен за нивните услови, но и тимот за вдомување на „Лајка“ да оформи мислење за соодветноста на вдомувачот.

Фрлањето отров е сериозно казниво дело и треба да алармираме дека од поставениот отров најчесто се трујат животни кои не се причина за проблемот, но исто така оставен отров на отворена површина може да биде допрен од деца и да имаме сериозен проблем поради неодговорно постапување на несовесни граѓани. Фото – приватна архива

Војислав Димитровски минатата година застана на челната позиција на ЈП „Лајка“ и за краток период спроведени се низа корисни активности. Во моментов се работи на програма за волонтирање, ќе се прави обука на лицата кои сакаат да волонтираат за различни активности на „Лајка“, а  целта е да се добијат обучени и сериозни волонтери кои ќе бидат вклучени активно во работата на претпријатието.

Соработката пак, со здруженијата за заштита на животни и активистите овозможи за период од четири месеци да се вдомат околу 135 кучиња и да се дуплираат бројките за третирани животни во однос на истиот период минатата година.

Кои приоритети ги зацртавме за периодот од една година?

– Јавното претпријатие „Лајка“ e oсновано со цел да се стави под контрола проблемот со бездомните кучиња во рамките на град Скопје. Решавањето на проблемот со бездомните кучиња се состои од повеќе видови на активности. Хуманиот третман е главната активност која цели на хуман начин да се регулира уличната популација на кучиња. Друга алка е афирмација на проблемот во јавноста и активности во насока на зголемување на јавната свест за одговорното сопствеништво преку организација на настани и едукативни активности.

Да се гледа на кучето како субјект, а не како објект, дали и колку во нашата земја е променета свеста и пристапот кон кучињата?

– Во секојдневните контакти со вработените во јавното претпријатие кои се вклучени  во процесот на решавање на проблемот со бездомните кучиња континуирано во изминатите години и со редовна комуникација со здруженијата, ветеринарите и надлежните институции во областа, сметаме дека свеста за одговорно сопствеништво во рамките на градот се зголемува. Но имаме долг пат и напорна работа за да ја донесеме јавната свест до потребното ниво за да се спречи напуштањето на домашните миленици или поколенијата на нашите домашни миленици, на таков начин да го сопреме изворот на нови единки на скопските улици.

За период од четири месеци вдомивме околу 135 кучиња и ги дуплиравме бројките за третирани животни во однос на истиот период претходната година. Фото – приватна архива

Сметате ли дека е потребно итно регулирање и строга контрола на продажба на отрови во земјоделските аптеки? И како на друг начин конечно да се стави крај на труењето на кучиња?

–  „Лајка“ презеде актвност почитувајќи ја светската недела за зголемување на јавната свест за непоставување отров на улица. Овој проблем е глобален не е само наш феномен. Треба сите надлежни институции да се заложат максимално за ваквите дејства од страна на несовесни граѓани да престанат. Фрлањето отров е сериозно казниво дело и треба да алармираме дека од поставениот отров најчесто се трујат животни кои не се причина за проблемот, но исто така оставен отров на отворена површина може да биде допрен од деца и да имаме сериозен проблем поради неодговорно постапување на несовесни граѓани.

Често среќаваме сопственици кои не се грижат за изметот што неговиот миленик го остава на јавните површини. Што може да се направи на оваа актуелна тема, постојат ли казни и колку се аплицираат во реалноста?

– Подготвуваме кампања на оваа тема, повторно во насока на зголемување на јавната свест. Ваков вид на кампањи се спроведуваат во сите метрополи, и дојде време и градот Скопје да се вклучи со активности во оваа насока. Би сакал да ја искористам и оваа прилика да ги потсетиме граѓаните кога ќе излезат на прошетка со домашниот миленик задолжително да си понесат ќесичка за измет и да бидат пример во општеството, а исто така и да реагираат кога ќе видат дека неодговорен сопственик на миленик не си собира позади својот миленик.

Колку е важна тесната соработка на ЈП„Лајка” со активистите за заштита на животни и во кои следни проекти најдобро ја гледате оваа соработка?

– Соработуваме со здруженијата за заштита на животните, годишната Програма за работа на ЈП „Лајка“ е изработена со заеднички труд, воспоставивме редовна соработка преку заеднички состаноци и координации. Огромна помош имаме од страна на активистите и здруженијата во делот на вдомување на животните, активности организирани од страна на ЈП „Лајка“ и реализација на Програмата за работа. Исто така, управниот одбор назначен од страна на Град Скопје во најголем дел е составен од активисти предложени од страна здруженијата за заштита на животните. Би сакал да им се заблагодарам на здруженијата за заштита на животните и активистите и да го пофалам тимот на ЈП „Лајка“ за нивната посветеност во работата бидејќи заедно за период од четири месеци вдомивме околу 135 кучиња и ги дуплиравме бројките за третирани животни во однос на истиот период претходната година.

Во секој момент располагаме со кучиња кои го имаат поминато хуманиот третман, секое куче е објавено на нашите профили на социјалните мрежи и на веб страната. Фото – приватна архива

Кога се во прашање бездомните кучиња ЈП„Лајка” досега функционирала по принципот стерилизирај и врати, дали ќе го продолжите тој принцип или планирате дополнувања или промени?

– Принципот „залови стерилизирај вакцинирај врати“ односно хуман третман на животните е усвоен систем на делување во рамките на претпријатието и е според Прорамата за работа на ЈП „Лајка“. Во рамките на  хуманиот третман секое животно е целосно прегледано за заразни болести, зоонози, третирано за надворешни и внатрешни паразити, вакцинирано против заразни болести, и против беснило, чипирано и доколку се врати на место на заловување на кучето се поставува и идентификациона ушна маркичка. Третирањето на ваков начин на кучето го прави погодно за вдомување во хумано семејство.

Каков е интересот за вдомување кучиња од ЈП Лајка, и какви се процедурите?

– Во секој момент располагаме со кучиња кои го имаат поминато хуманиот третман, секое куче е објавено на нашите профили на социјалните мрежи и на веб страната. Доколку има заинтересиран вдомувач треба да не контактира на меил [email protected] ќе им биде испратен прашалник кој треба да го пополнат и врз основа на прашалникот и интересот на вдомувачот ќе се оствари средба за да се запознае вдомувачот со избраното куче. Вдомувањето на куче се остварува минимум на втората средба, затоа што оставаме неколку дена време семејството да размисли дали миленикот е соодветен за нивните услови, но и тимот за вдомување на ЈП „Лајка“ да оформи мислење за соодветноста на вдомувачот.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....