3.8 C
Скопје
06:37 - 20 април, 2024

Разговор со Снеже Велков, водителка: САМО ДА МЕ СЛУЖАТ УМОТ И ТЕЛОТО, ЗАЛЕТ САМА ЌЕ СИ ЗЕМАМ

Убавата Снеже Велков сигурно веќе сите ја знаете како лице од ТВ екраните. Со неа разговараме за животот, нејзиниот јубилеен роденден, новите проекти. Почнува нова емисија насловена „Нешто конкретно“, нетипично и некласично ток шоу, како што вели, опуштено како за „по дома“, сериозно како за во институција, непосредно и блиско, со неверојатна позитивна енергија и многу духовити коментари. А гости во емисијата ќе бидат познати личности, анонимни стручњаци, квалитетни коментатори, подзаборавени фаци и млади таленти.

Почнувам нов проект и верувам во неговото мото: Повеќе нема да се жалите дека нема ништо конкретно на телевизија бидејќи од сега ви нудиме „Нешто конкретно“. Фото – приватна архива

Неодамна наполни 40 години. Како го прослави овој јубилеј?

– Кога бев  во 35та. планирав дека тоа ќе биде некоја огромна забава со 100 луѓе, огномети, музика, играње и пеење… Ама ете, коцките се наредија поинаку и токму онака како што треба. Четириесетката загризана, јубилејот одбележан и сега ми останува цела година за журки, забава, огномети, успеси и дружење со луѓе. Фино е да си го распоредиш јубилејот во прослава секој ден. Славење на животот!

Што ги одбележа твоите дваесетти?

– Дваесетите беа резрвирани за девојачки предизвици, по некоја несреќна љубов, почеток на тв кариерата во „Ред Хот“ ама и најважните животни случувања. Брак, деца и стабилна работа. Па почетоците во „Бекстејџ“ и првата уредничка позиција…Некако дваесетите по денешни стандарди се новите триесетти.

Што ги одбележа твоите триесетти?

– Триесетите беа резервирани за големите кариерни успеси „Х фактор“, двете сезони и победата на првиот претставник од Македонија на едно големо регионално натпреварување. Проект на кој сум апсолутно горда зашто со колегите навистина вложивме многу напор во ПР активности и промоција на нашиот претставник. Потоа се случи „Големиот Брат“ и повторно добивме победник Македонец. Тука е мојот прв самостоен проект „Вип на еден ден“, телевизиски проект од хуманитарен карактер каде покажавме дека може и подобро и поинаку и поуспешно. Дека може и кај нас да се реализира таков проект, а не само да ги гледаме успесите на српските тв шоуа. Благодарение на нашите драги стоматолози вративме многу насмевки, успеавме едно семејство да израдуваме со комплетно направено купатило, отидовме дури до Турција во болницата Дериндере за да направиме операција кратење на желудник, направивм прва јавна ДНК анализа во Македонија… Вака кога ги спомнувам сфаќам колку многу сме постигнале и најважното е што сите овие нешта ги добивавме како донација. Короната го прекина проектот, но се се надевам на повторна реактивација на емисијата.

Со „Вип на еден ден“, телевизиски проект од хуманитарен карактер, покажавме дека може и подобро и поинаку и поуспешно. Фото – приватна архива

Очекувањата за четириесеттите?

– Само да ме служи умот и телото, залет сама ќе си земам

Што посакуваш да ти се случи приватно?

– Да ми бидат здрави и живи најблиските и саканите пријатели. Да бидат поштедени од болка и страдања. Да можам да бидам со нив кога им требам, да имаме многу причини за славење и убави средби. Сакам да имам полн телефон со слики од патувања, многу печати во пасошот и многу спомени во главата.

А што професионално?

– Професионално, почнувам нов проект и верувам во неговото мото: Повеќе нема да се жалите дека нема ништо конкретно на телевизија бидејќи од сега ви нудиме „Нешто конкретно“. Сакам да заживее и да имаме многу сезони на емитување, сакам да биде печат на моите четриесетти. Па ако се наредат коцките, здрави живи, и вести да водам – уште тоа ми остана.

Инаку во „Нешто конкретно“ помалку провокативно, но и аргументирано ќе зборуваме  на секојдневните теми кои вредат да се дискутираат, а ретко се ставаат на маса! Нетипично и некласично ток шоу, опуштено како за „по дома“, сериозно како за во институција, непосредно и блиско, со неверојатна позитивна енергија и многу духовити коментари. На гости доаѓаат познати личности, анонимни стручњаци, квалитетни коментатори, подзаборавени фаци и млади таленти!

Ведрината на духот е она што ја прави убавината. Можеш да се нашминкаш, да имаш чисто лице, да си згодна и без целулит, ама ако немаш енергија и да заблескаш, се ти е бадијала. Фото – приватна архива

Што те мотивира и инспирира?

– Си наоѓам инспирација во сè. Во снегот, во сонцето, во утрата, а најмногу во тишината. Тогаш најубаво си ги слушам мислите.

Што ти го бои секојдневието?

– Јас си го бојам. Со бои кои мене ми одговараат. Најчесто жолто и сино. Понекогаш црвено, некогаш и зелено, а понекогаш имам и сивило и не му се плашам, дозволувам да биде тука за да можам да го сменам со друга боја која тогаш уште повеќе ќе дојде до израз.

Тајната на убавината?

– Ведрината на духот е она што ја прави убавината. Можеш да се нашминкаш, да имаш чисто лице, да си згодна и без целулит, ама ако немаш енергија и да заблескаш, се ти е бадијала.

Слични објави

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо
Се вчитува....