2.8 C
Скопје
14:25 - 20 декември, 2024

РАЗГОВОР: По толку години јас останав своја и единствена Стојна Костовска

Секогаш насмеана и љубезна, со актерката Стојна Костовска пораснаа многу генерации. Во својата богата уметничка кариера, Костовска има одиграно безброј улоги во Македонските народни приказни, култни претстави, но и во култната радио емисија „Хихирику“. Иако е млада пензионерка, Стојна е сè уште прекрасна, позитивна и насмеана дама.

Психичката и физичката подготвеност е максимално потребна за актерите. Фото – приватна архива

– Колку и да имам проблеми јас знам да се насмеам, моите проблеми да ги оставам под чергиче, излегувам надвор и не сакам никој да знае за моето расположение. Многу луѓе не познавам, но едно „добро утро“ или „добар ден“ никому не штети. Многу ми е мило кога некој ќе ми пријде и ќе ми каже -„госпоѓо, знаете ли дека и јас и моите деца израснаа со вашите емисии, со приказните, претставите?“. Толку години јас зло никому не сум направила.

Психичката и физичката подготвеност е максимално потребна за актерите. Посебно кога станува збор за жените со секојдневни дополнителни обврски.

– Човек кога верува во себе, знае и да го организира животот и да го организира и денот, а можам да се пофалам дека јас сум одличен организатор. Додека бев во работен однос, уживав прво во пробите, па во претставата. Штом ќе завршеше претставата се чусвтвував испразнета, емоциите веќе спласнале, знаев многу пати дома да си одам пеш, иако сум одиграла две претстави по пет часа. Тоа не може секој да го издржи, артистите имаат посебна дарба – открива Стојна.

Сè уште харизматичната, но и темпераментна, госпоѓа Костовска ја ситни седмата деценија од животот, оставајќи зад себе богато 32-годишно театарско искуство.

Работам со тесто максимално добро, не знам да правам ниту сакам да јадам слатки, ама за теста, дали сакате кифлички, банички, пити, буреци, сè ќе направам. Фото – приватна архива

– Сега, како пензионерка, почнав да плетам, син ми кога беше помал му плетев џемперчиња, но со години ништо не плетев. Сега си реков што да правам, па ќе си го сплетам џемперот, кај и да е до јуни ќе го завршам, а од јануари го почнав. Работам со тесто максимално добро, не знам да правам ниту сакам да јадам слатки, ама за теста, дали сакате кифлички, банички, пити, буреци, сè ќе направам. Мајка ми беше голема домаќинка, но не научив од неа, таа ме бркаше од кујната кога ќе работеше, ми велеше – „Бегај, од косата да не ми падне некое влакно во тестотот“, па така си научив сама. Првата пита која ја направив беше со месо, но беше тврда, му дадов на кучето парче, а тоа не го ни помириса, но кога дојде мојот сопруг слатко се најаде и тоа ми даде поттик да продолжам – раскажува глумицата.

Велат дека зад еден успешен маж стои уште поуспешна жена. А позади жената стои имиџот и интегритетот кој таа го создала.

– Толку години останав своја и единствена Стојна Костовска. Подршка имам од сопругот, тој е прекрасен човек. Во брак сме 43 години, сè сме поминале и досега сè сме надминале. Мислам дека додека сме живи ќе останеме заедно – вели таа.

Во брак сме 43 години, сè сме поминале и досега сè сме надминале. Мислам дека додека сме живи ќе останеме заедно, фото – приватна архива

Кога ќе се спомне радио емисијата „Хихириху“ срцето започнува побрзо да ѝ чука, зашто нејзината младост Стојна ја поминала со таа прекрасна екипа, на чело со Иван Карадак. Вели дека е жалосно што без објаснување емисијата се прекинала.

– Верувајте, многу ми е болно кога ќе се спомне „Хихирику“ зашто голем дел од екипата веќе ја нема – додава Стојна.

Покрај улогите во „Македонски народни приказни“ и „Хихирику“, Стојна Костовска сме ја гледале во серии „Големи и мали“, во „Втората смена“, „Зелениот џемпер“, „Чорбаџи Теодос“.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо
Се вчитува....