23:17 - 11 ноември, 2026

Прво ѝ купи „порше“ од 250.000 евра, а сега јахта од два милиони евра! Дечкото ја опсипува Станија со лускузни подароци

Старлетата Станија Добројевиќ и Асмин Дурџиќ уживале на црногорското приморје, а во таа прилика Станија наводно од своето момче добила неочекуван, прескап подарок – јахта!

Станија била видно шокирана, таа прво помислила на свршенички прстен отколку на јахта од два милиони евра со нејзиното име.

– Асмин одлучи да не ја притиска и да ѝ даде време да се увери и да биде сигурна во неговата љубов. Таа сака да ѝ даде уште малку време за да види како тој ќе се однесува кога Анела Ахмиќ ќе го напушти реалното шоу, иако и сега е повеќе од сигурна дека таа е засекогаш пречкртана во животот на Асмин. Тој прави сè за да се чувствува убаво Станија и постојано ѝ приредува некои изненадувања. Нивната врска имаше многу турбуленции, но без разлика на сè, Асмин никогаш не се откажал од Станија и прави сè таа да биде најсреќната жена на светот. Кога отидоа на одмор, таа немаше поим какво изненадување ѝ приредил – изјавил за „Свет“ добро информиран извор.

Да потсетиме, Асмин веќе потроши многу пари и порано, кога за роденден ѝ купи „порше“ од 280.000 евра.

 

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....