5.8 C
Скопје
03:40 - 2 октомври, 2026

„Тоа е наша интима“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ не кријат дека уживаат заедно, но не сакаат да зборуваат за нивниот однос

Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ често поминуваат време заедно, па одлучиле да одат и на заедничко летување од кое сега се вратија и ги споделија своите впечатоци.

Шерифовиќ често споделува моменти од своето секојдневие, па неодамна откри дека таа и Пајиќ биле во САД, а друштво им прави и синот на Марија – Марио.

Пејачката објасни дека барала личност која е „доволно ненормална“ за отпатува со неа.

„Како што сите останати отидоа по мориња со семејствата, така и Пајке прифати да оди со мене во Америка на три дена“, рече Шерифовиќ.

По летувањето, Шерифовиќ одма отиде на настап на Пајиќ во Белград.

„Знаете што, јас морам да се смирам, да се истуширам и да се напијам водам бидејќи излегувам од авион. Затоа и изгледам како идиот, сосе ранец, само се надевам дека детето не ми се измочало или нешто слично. Еве, сега ме донесоа, а Марио, баба и останатото семејство заминаа дома“, рече пејачката, па потоа раскажа како било во Црна Гора.

„Беше одлично! Потоа завршивме и на трето летување, па се е во најдобар ред“, раскажа таа.

И Пајиќ сподели впечатоци и истакна дека споделуваат онолку колку што е потребно бидејќи тоа е нивна приватност.

„Да, бевме заедно летување. За тоа зборуваме и покажуваме толку колку што е потребно, тоа е наша интима и приватност и сакаме да да остане. Тоа е наше дружење и не сакам да зборувам за тоа. Треба да си остане за нас“, изјави Пајиќ.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....