02:01 - 12 ноември, 2026

Прв Велигден без тато Коби, да плачете од милина и тага поради овие сцени во домот на семејството Брајант (ВИДЕО)

Ванеса Брајант на почетокот на 2020. доживеа страшна трагедија – го загуби мажот и ќерката во пад на хеликоптер. Сепак, за најголемиот христијански празник, успеа барем на миг да биде среќна.

Коби Брајант со ќеркичката и со седум луѓе загина на крајот на јануари во трагична несреќа, а зад себе ја остави сопругата и три деца Наталија (17), Бјанка (4) и Капри (родена минатата година).

За нив Ванеса како вистинска мајка подготви подароци за Велигден, празник кој оваа недела се прославува според грегоријанскот календар.

Таа ги снимила најмладите деца како со помош на малиот, дрвен чекан ги отвораат подароците во кои се наоѓаат чоколади.

Првпат од смртта на сопругот Ванеса на социјалните мрежи со светот сподели радосни моменти од својот дом кој, како и целата планета, остана во шок кога во јануари беше објавено дека Коби, ќерката Џијана и останатите патници загинаа.

Да се потсетиме, минатата недела Коби Брајант постхумно е вклучен во кошаркарската Куќа на славните, а со него и Тим Данкан, Кевин Гарнет, поранешниот тренер Руди Томјановиќ, поранешната ѕвезда на женската НБА лига Тамика Кечингс, тренерот на женскиот тим Бејлора Ким Мулки, поранешниот тренер на Девизија II Барбара Стивенс, поранешниот тренер на машката Девизија I Еди Сатон и поранешниот директо на FIBA Патрик Бауман.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....