3.8 C
Скопје
03:53 - 26 декември, 2024

Пролетен ХОРОСКОП (20. април – 30. мај): Пари за Близнаците, љубов за Стрелците, убави вести за Биковите…

Еве го хороскопот на 12 хороскопски знаци за следниот период, како ќе делуваат пријателските и непријателските планети, а и неколку предупредувања (на економско и сентиментално поле) и други корисни совети..

Овен

Блескава пролет за многумина од вас, откако ќе поминете сложен период, осветлена од влезот на Јупитер, планетата на среќата, во вашиот знак на 11 мај. Засега, неговите благотворни ефекти ќе ги погодат само родените во март, кои ќе уживаат во мирен период, полн со можности особено на работното поле. Но, во мај со вас ќе биде и Венера, која ќе ви даде неодолив и волшебен шарм. Ќе бидете во одлична форма, но можете да си дадете одмор од многубројните љубовни освојувања со тоа што ќе посетите некој спа центар или ќе „избегате“ на планина на релаксација.

Бик

Со Сонцето во знакот од 20 април до 21 мај и Венера од 28 мај до 22 јуни, ќе уживате во прекрасна пролет, полна со новости како во професионалната, така и во емотивната сфера. Ќе се соочите со мирен и пријатен период, во кој ќе се чувствувате во прекрасна форма, подготвени да ги прескокнете сите препреки на вашиот пат. Уживајте со саканите во храна и вино, но не заборавјте дека во овој период може да додадете некој килограм – од толку многу уживања – па паралелно фрлете се на физичка активност.

Близнаци

Пролетта е вашата сезона и оваа година ќе бидете во добра позиција: мај и јуни ќе бидат особено наградени. Покрај брзите планети кои веќе ви се смешкаат, можете да сметате на дарежливиот Јупитер, господар на среќата, кој од 11 мај ќе се нурне во пријателскиот знак Овен за да ја подобри економската или професионалната ситуација – да, токму ваша – и да поттикне интересни средби на сентиментално поле. Сметајќи дека вашиот ум понекогаш е премногу жив и дисперзиран, нема да ви биде лошо да почнете да практикувате јога и  медитација или да вежбате на релаксирачко место.

Рак

Алтернација на „додај гас„ и „стисни на сопирачки“ ќе ја карактеризира вашата пролет, со Марс во Риби кој ќе ве поттикне да се движите и да дејствувате брзо се до 24 мај, додека Јупитер со влегувањето во Овен на 11 мај ќе предизвика моменти на песимизам и некои проблеми на економски план за родените во јуни. Мај може да донесе некаква кавга или недоразбирање во љубовта, која сепак брзо ќе биде надмината. Со тоа што Марс ве поттикнува, искористете ја можноста да вежбате или да одите на базен. Контактот со вода може само да ви помогне.

Лав

Во јасно закрепнување сте по прилично напорен период и со премногу планети во Водолија за да можете да се спротивставите на препреките, сепак, можете да се утешите во прекрасна енергија што ќе ви ја даде Сонцето во Овен до 20 април, додека мај конечно ќе биде прекрасен благодарение на Венера и Јупитер во Овен (од 11 мај). Најомилени ќе бидат Лавовите родени во јули, кои повторно ќе видат како нивната грива блеска, како ги решаваат професионалните и економските прашања или ќе си ја најдат својата сродна душа. Продолжете со диета, масажи и се друго што може да ве направи нови, за да бидете апсолутно неодоливи.

Девица

Пролетта ве гледа како трудољубиви и ефикасни, но со одредено распространето незадоволство предизвикано од преминувањето на Венера и Јупитер во Риби во април, на кои Марс ќе им се придружи од 19 до 24 мај. Некои расправии во љубовта, проследени со моменти на иритација, ќе доживеет и многу ќе ве растревожат, а ѕвездите советуваат да се внимава при трошењето, возењето и спортувањето. Меркур и Венера во Бик во јуни ќе ги измазнуваат сите тензии. Релаксацијата ќе ви биде главен збор за овој период: вежбајте јога, техники за релаксација или прочитајте добра книга која долго време го чека вашето внимание.

Вага

Со почетокот на пролетта понекогаш ве мачат моменти на замор и инерција, но потоа брзо ќе закрепнете. Во мај, со Венера во Овен, нема да бидете многу достапни и разбирливи во љубовта, напротив, со влегувањето на Марс и Јупитер во Овен, повеќе ќе тежнеете кон борба и да се покажете не многу спремни на компромис. Затоа контролирајте ја агресивноста, но и непотребните трошоци, особено ако сте родени во септември. Како противотров, практикувајте јога, смеење или излегувања во големо друштво. Разгалување добро ќе ви дојде.

Шкорпија

Со вакво небо, се подготвувате да се соочите со пролетта: Уран во Бик, Сатурн во Водолија и по некоја планета која брзо се движи во Бик, ќе сторат сè за да ги растераат пречките на вашиот пат. За среќа, Венера во Риби во април ќе ви пружи многу слатко време во љубовта, а Јупитер моменти на автентична среќа во работата и на економски план. Марс, исто така во Риби  до 24 мај, ќе ве направи борбени и претприемнички расположени. Сепак, ова е идеално време да направите пауза за размислување со помош на добра книга или прошетки во контакт со природата.

Стрелец

Возбудлива пролет за многумина од вас, особено во април со транзит на Сонцето и Меркур во Овен што ќе ја направи вашата психофизичка форма совршена и ќе ви обезбеди енергија и ментална бистрина. Мај ќе ви овозможи ( со присуство на Венера и Јупитер во Овен) од 11-ти, фаворизирање на сентиментални средби и среќна фаза и за љубов и за пари или работа. Влијанието на Јупитер главно ќе ги фаворизира родените во ноември. Марс во Риби советува внимателност во возењето и во спортот. Идеално време да започнете диета или да ја промените исхраната.

Јарец

На вашиот хоризонт се наѕира сладок април, благодарение на Венера, Марс и Јупитер во пријателскиот знак Риби. Сè ќе биде проткаено со сладост, но и ќе можете да покажете поголема приврзаност што ќе ги направи односите со другите помирни и позадоволни. Сепак, мај ќе ви подготви изненадувања но не секогаш пријатни, па ќе мора да ги измазнете сите несогласувања во љубовта и да внимавате на трошоците, особено ако сте родени во декември. Во јуни, Венера ќе се врати за да ви се насмевне. За вас, пешачењето и читањето ќе бидат најдобриот начин да се опуштите.

Водолија

Ѕвездите ви се насмевнуваат и ви подаруваат низа убави прилики и пријатни моменти во друштво на саканите.  Во април, со Сонцето и Меркур во пријателскиот знак Овен, ќе почувствувате излив на виталност и желба да работите, да запознавате нови луѓе. Во мај, тука е Венера во Овен која ќе ве направи апсолутно неодоливи, а потоа Јупитер на 11-ти, кој ќе биде извор на среќни можности во работата и во љубовта. Влијанијата на Јупитер ќе бидат поинтензивни за родените во јануари. За вас за релаксација ѕвездите ви препорачуваат романтични вечери во ориентален ресторан.

Риба

Ве очекува прекрасна пролет и ѕвездите ќе бидат пред вашите нозе за да ви ја исполнат секоја желба. Венера, Марс и Јупитер ќе бидат во вашиот знак во април, за да ве направат фасцинантни како никогаш досега, подготвени за најзаводливите освојувања во секој сектор. Марс од 19.  до 24. мај ќе ве направи борбени и полни со енергија, совршено способни да ги освоите целите кон кои се стремите. Марс ќе го фаворизира практикувањето на спортска активност, па затоа можете да одите во теретана, да џогирате или да се нурнете во базен со најголемо спокојство и задоволство. Не заборавајте на добра книга која одамна ве чека.

Слични објави

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо
Се вчитува....