5.8 C
Скопје
01:48 - 21 февруари, 2026

Продолжува препирката меѓу Меланија Трамп и бившата асистентка: Срам да ти е Меланија Трамп. Јас не лажам!

„Додека бев прва дама на нашата земја, Стефани Волкоф тајно сними неколку наши разговори. Потоа злонамерно ги монтираше и ги објави нашите разговори во јавност за да создаде впечаток дека Божиќ не ми е важен“, напиша на социјалните мрежи поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп.

Таа од 2020 година води вербална војна со нејзината поранешна пријателка и помошничка во Белата куќа, поточно, кога, наводно, Волкоф по повод промоцијата на своите мемоари „Меланија и јас: Подемот и падот на моето пријателство со првата дама“, ја дала снимката на Си-Ен-Ен во која Меланија, со неколку пцовки, кажува како „се наработила како коњ“, а потоа вели: „…кому му е гајле за божиќните работи и украсите? Но, морам да го сторам тоа, нели?“

Објавата на поранешната прва дама доаѓа откако минатата недела Фокс њуз објави дека Меланија Трамп оваа година ќе продава ограничена колекција на божиќни украси што ги дизајнирала. Дел од средствата од продажбата се наменети за финансирање стипендии за деца од згрижувачки семејства.

Меланија тврди дека Волкоф избришала дел од нивниот разговор летото 2018 година. Во него, вели таа, „изразила надеж дека повторно ќе ги обединам семејствата што беа разделени на јужната граница“. Мислела на имигрантите кои американските власти насилно ги разделуваат на граница, па многу деца се најдоа далеку од родителите, затворени во кафези, изложени на студ и гладни. Таа додаде дека наводната манипулација на Волкоф со видеото „ја разоткрива нејзината зла намера“.

Меланија, чија изјава првпат излезе во Breitbart News, екстремно десничарски американски портал, рече дека зборувала за тоа зашто сакала „лично да ги разјасни работите бидејќи мејнстрим медиумите не успеале да го дадат вистинскиот контекст во овој погрешен разговор“.

– Божиќ е важен период за мене, за моето семејство и американскиот народ, а мојата посветеност на празникот е лична и длабоко сериозна – рече Трамп.

Стефани Волкоф набрзо возврати со серија објави на Твитер во кои наведува дека изјавата на Меланија е злонамерна фикција и дека Трамп сака да заработи од нејзиното име искористувајќи го американскиот народ.

– Таа нема попаметна работа од тоа да го доведува во прашање мојот интегритет и повторно да лаже за да продаде некој украс. Срам да ти е Меланија Трамп. П.С. Јас не лажам! – напишала Стефани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....