7.8 C
Скопје
21:42 - 31 март, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл бараат нов дом во Лос Анџелес?

Принцот Хари и Меган Маркл планираат да поминат повеќе време во Калифорнија, па поради тоа бараат нов дом во Лос Анџелес, пренесуваат медиумите на Островот. 

„Хари и Меган ја сакаат Канада, но разгледуваат и куќи во Лос Анџелес. Најверојатно ќе имаат куќи во двете места“, тврди близок пријател на младиот пар.

Меган има многу пријатели и роднини во својот роден град Лос Анџелес, па затоа не е чудно што парот сака да поминува повеќе време и таму.

Кралскиот пар верува дека Лос Анџелес е совршен за нивниот опуштен животен стил и дека ќе поминуваат повеќе време во природа, планинарење и прошетка, пренесува „Мирор“. 

профимедиа

Принцот Хари и Меган Марл моментално живеат во изнајмена луксузна вила во Ванкувер, а за да ја зголемат безбедноста, тие поставиле камери насекаде околу вилата, како и на плажата. 

Вилата е опкружена со голема бела церада, со цел фотографите да не можат да ги фотографираат, а минатиот месец адвокатите на Хари и Меган и јавно ги предупредија папараците дека немаат право да ја нарушуваат приватноста на парот. 

профимедиа

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....