07:23 - 27 декември, 2025

Принцот Хари повторно ја разочара целата палата, а со една реченица за принцезата Дијана ги извади од такт татко му и братот му

Во новото интервју на американската телевизија Ен-Би-Си, во кое јасно стави до знаење дека не
е во најдобри односи со неговиот брат принцот Вилијам и неговиот татко принцот Чарлс,
принцот Хари уште еднаш ги повреди чувствата на најблиските. Од палатата тврдат дека повеќе
немаат намера да му даваат шанси и да му прогледуваат низ прсти.

По враќањето во Европа после двегодишното отсуство, принцот Хари минатата недела ја посети
својата баба, кралицата Елизабета, а потоа одвои само 15 минути за да се сретне со својот татко,
принцот Чарлс.

Тој наводно уште и доцнел на состанокот со принцот од Велс и со тоа ставил до знаење колку не
му е грижа да ја смири ситуацијата со татко му, додека принцот Вилијам воопшто не го ни
посетил. Како сето тоа да не било доволно, принцот Хари го прекршил и единственото правило
кое принцот Чарлс го поставил на средбата – неговото име да не се споменува во американските
медиуми.

Само неколку дена по посетата на кралството тој имал нетипично интервју за американската
телевизија Ен-Би-Си и со тоа дополнително ја налутил палатата.

Со изјавата дека „сакал да се увери дека кралицата е безбедна и опкружена со вистинските луѓе“,
Хари ги навредил не само членовите на неговото семејство, туку и премиерот Борис Џонсон, кој
изјави дека британската кралица е во сигурни раце.

Покрај тоа, 37-годишниот Хари имал уште неколку изјави кои дополнително го испровоцирале и
продлабочиле конфликтот со неговите татко и брат. Тој навестил дека кралицата Елизабета му
открила тајни што не треба да ги сподели со другите членови на семејството, а кажал и дека
принцезата Дијана сега го чува него бидејќи „завршила со неговиот брат“. Хари одбил да
одговори на прашањето дали му недостигаат татко му и брат му.

Принцот Чарлс се извадил од такт и рекол дека веќе нема нерви да се труди околу врската и да му
се потчинува на „отпаднатиот“ син, пишуваат британските медиуми. „Сите семејства имаат
проблеми, но кога ќе се обидувате да ги решите, не му пренесувате сѐ на првиот сосед веднаш по
средбата“, добро информирани извори ги пренесуваат зборовите на Чарлс.

Тие тврдат дека принцот Чарлс јасно му кажал на својот син дека нивниот проблем не треба да
биде тема во медиумите, но бидејќи принцот Хари го игнорирал, ова му била последна шанса.

Целата палата не го крие разочарувањето од однесувањето на принцот Хари и сметаат дека
кралицата не го заслужила тоа за својот 96-ти роденден.

Слични објави

(Фото) „Моето срце никогаш не било пополно“: Александра Шијакоска е бремена по вторпат

Еспресо

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Еспресо

Татјана и Новица си заминаа од Австралија: Нова земја во Новата година

msp-admin

(Фото) Кралицата на хрватските модни писти по 10 години се врати пред камерите: Погледнете како изгледа поранешната Мис Хрватска

Еспресо

(Видео) Андријана Јаневска емотивно раскажа ретка приказна за Тоше за една посебна ноќ

msp-admin

Македонската макенека која мистериозно си го одзеде животот, остана запаметена како најубавата и најуспешната

msp-admin
Се вчитува....