6.8 C
Скопје
13:14 - 19 декември, 2024

Принцот Хари е во депресија, експертите анализираат: „На сите околу него им пренесуваше тага, гнев и напнатост“

За време на платинестиот јубилеј на неговата баба, кралицата Елизабета Втора, синот на Чарлс и Дијана се чувствувал тажно и тргнат настрана. 

По прекрасната официјална фотографија од првиот роденден на неговото второ дете, Лилибет Дијана, направена во Лондон, принцот Хари се врати во Калифорнија со неговата сопруга Меган Маркл. Кралските експерти, сепак, донесоа свои заклучоци за неговата (ментална) состојба, земајќи го предвид невербалниот говор за време на прославата на платинестиот јубилеј за 70-годишното владеење на неговата баба, нејзиното височество кралицата Елизабета Втора.

Не само што војводата од Сасекс ја напушти забавата пред крајот на последниот концерт, кој го гледаше со сопругата преку телевизија, туку и не толку добро реагирал на третманот што го добил. Две години по неговата оставка на вработен член од кралското семејство, синот на Лејди Дијана и принцот Чарлс повеќе не е во центарот на британската јавна сцена. Според протоколот, неговото место за време на верската церемонија во катедралата Свети Павле во Лондон беше настрана во споредба со местото на неговиот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон (и двајцата во првиот ред). Седнат на спротивната страна од патеката, во вториот ред, заедно со своите братучеди и зад војводата од Глостер, можеби за прв пат принцот Хари сфати дека го добил она што самиот го предизвика, затскриена улога. Тоа е истата причина поради која не се појави на Бакингемската палата за време на парадата.

Експерти сепак отидоа подалеку со своите претпоставки, објаснувајќи дека Хари е депримиран по враќањето во САД со сопругата и децата.

Кралскиот биограф Данкан Ларкомб рече дека овие прослави засекогаш ќе останат во умот на принцот Хари како живописно сведоштво за неговото напуштање, како вид на некаква самонаметната и бескрајна тортура.

Анџела Левин, која помина една година со војводите од Сасекс, истакна дека можеби принцот очекувал извинување, наместо да биде игнориран поголемиот дел од времето. Таа за „The Sun“ изјави: „Гневот на Хари беше многу очигледен: емоциите се читаат на неговото лице и изгледаше навистина бесно“, за време на прославата на Денот на благодарноста во катедралата. Но, таа исто така додаде дека намерно се тргнал и за роденденот на ќерка си, зашто ако сакал да го види братот Вилијам, тогаш би се осигурал претходно во агендадата на војводата од Кембриџ и неговата сопруга Кејт Мидлтон (за време на роденденот братот и снаата беа во официјална посета во Велс).

Според експертите, јубилејот не само што го прославил минатото, туку и го поставил камен-темелникот за иднината на монархијата, со кралицата во центарот со тројцата наследници (Чарлс, Вилијам и Џорџ) и од страната Камила, Кејт и помалите деца (Шарлот и Луис).

Наводната депресија на принцот Хари ја посведочил и кралскиот фотограф Артур Едвардс кој објаснил дека Хари кој секогаш бил љубезен, „сега околу него создава напната и тажна атмосфера која на сите им прави да се чувствуваат непријатно, вклучително и на него самиот“.

Слични објави

(Фото) Вељко се огласи на посебен ден за семејството Ражнатовиќ: На Дедиње се слави Свети Никола

Еспресо

(Фото) „Кој сака нека честита!“: Марија Шерифовиќ по две години како нова, ја праша публиката за мислење

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Лазар Ристовски и неговата 39-годишна девојка: Аница објави убава вест, честитките се нижат

Еспресо

(Фото) Ги оставија тепачките настрана: Сергеј Трифуновиќ ужива во романтичната Венеција со саканата

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо
Се вчитува....