3.8 C
Скопје
02:04 - 19 април, 2024

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Теа ни носи рецепт за пица од леќа, одлична е за сите кои сакаат пица а не сакаат да јадат тесто!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

ДЕНЕС ТЕА СО СИТЕ ВАС СПОДЕЛУВА РЕЦЕПТ за здрава и посна пица – со леќа!

 

– Не знам за вас, ама јас обожавам пица – открива Теа и додава – иако звучи чудно пица од леќа, оваа здрава и посна варијанта на пица има интересен и специфичен вкус. Одлична е за сите кои сакаат пица, а не сакаат да јадат тесто!
фејсбук „Готвиме со Теа“

Потребни состојки:

За тесто:
▪️150 гр. црвена леќа
▪️120 мл. вода
▪️1 чешне лук
▪️1/2 лажичка прашок за пециво
▪️прстофат сол
За сос од домати:
▪️1 главица кромид
▪️1 чешне лук
▪️300 гр. доматно пире
▪️1 лажичка оригано
▪️1 лажичка босилек
▪️1/2 лажичка шеќер
▪️1/2 лажичка сол
▪️2 лажици масло
За врз пицата:
▪️црвена пиперка
▪️зелена пиперка
▪️тиквичка
▪️модар домат
▪️црвен кромид
▪️свежи печурки

Начин на подготовка:

Леќата ставете ја во вода да кисне од вечер. Изутрина процедете ја, измијте ја и ставете ја во блендер заедно со водата, лукчето, прашокот за пециво и сол. Убаво изблендирајте и оваа смеса ставете ја во загреано и намрсено тавче за палачинки. Пржете на тивок оган додека да почнат да се запекуваат краевите на тестото. Потоа префрлете го на мрсна хартија во тавче и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени 30 минути.
Во меѓувреме, подгответе го сосот од домати. Во тенџере ставете го маслото да се загрева. Ставете ги кромидот и лукчето ситно исецкани да се пржат 2-3 минути и потоа додадете го доматното пире. Посолете, додадете ги шеќерот, ориганото и босилекот и оставете го да крчка на тивок оган 10 минути.
Откако ќе биде готово тестото, извадете го од рерна, наредете го со сос од домати, ситно исецкани тиквички и модар домат, кромид, пиперки и печурки и вратете ја да се пече уште 10-15 минути на 250 степени.
По желба на крај може да изрендате малку пармезан – предлага Теа.
фејсбук „Готвиме со Теа“
На здравје и уживајте!

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....