7.8 C
Скопје
21:11 - 31 март, 2026

Порано цртаните филмови создаваа генерации на културно писмени деца: Дали е случај тоа и сега? (ВИДЕО)

Генерациите кои пораснаа гледајќи ги класичните цртани филмови како оние од продукцијата на „Warner brothers“ пораснаа во културно писмени луѓе, пишува авторката Ени Холмквист, пренесуваат светските медиуми.

Овие цртани филмови на децата им нудеа многу забава, а ги запознаваа и со клучните работи од општата култура, посебно во областите на литературата и музиката.

Со „Ушко долгоушко“, децата ја дознаа приказната за Џекил и Хајда, научија да слушаат цитати и гледаат сцени од дела на Шекспир, а тешко е да се најде некое класично дело кое не е користено како подлога за некој од цртаните филмови од тој период.

Секојдновото слушање на таквите рапсодии и валцерот на Шопен, придонесе за тоа овие мелодии да се врежат во главите на децата, пренесува Спутник.

Цртаните преполни со цитати од класичната уметност им даваа на децата базични знаења за литературата и музиката, дури и кога тие работи децата не биле во можност да ги добијат во училиште, смета писателката Холмквист.

Денеска, спротивно од ова, цртаните филмови не ги насочуваат децата кон откривање на културното богатство на претходните генерации, туку строго се насочуваат кон фантазијата или кон сегашното време.

– Ниту училиштата ниту цртаните денеска се посветуваат внимание на културната писменост на дрцата. Дали тоа е една од причините за апатијата и површноста на современите генерации? – се прашува авторката.

Не интересира што мислите вие: Дали цртаните филмови им го нудат на децата истото образование како што тоа беше случај и во минатото?

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....