Брус Џенер, некогашен олимпиец, во 2015 година стана Кејтлин Џенер, а за тоа се пишуваше кога тој/таа беше дел од реалното шоу „Запознајте ги Кардашијанови“, како татко на Кендал и Кајли.
Како што го променил животот од корен, тој истовремено менувал и се околу себе.
View this post on Instagram
So excited for a special shoe fitting and design session with @barolloitaly
Со промената на полот, Кејтлин се разведе и се отсели од домот во кој до тогаш живееше како маж и купи куќа во Малибу, вредна 3,5 милиони долари. Деталите од луксузот во кој живее дозирано ги покажува на социјалните мрежи, а на гламурот и комфорот му завидуваат и холивудските ѕвезди.
Седумдесетгодишната Кејтлин може да се пофали со луксузен ентериер, масивно отворен базен и сликовит поглед на државната плажа Ел Пескадор. Куќата на врвот од брдото ја опркужува океан и планини, а нејзините пријатели се воодушевени од погледот на освежувачките пејсажи со удобни фотелји на развлекување. Црни фенери има насекаде околу базенот.
Имотот од 11 хектари им дозволило на архитектите да си „играат“ како им е желба во осмислување на овој дворец, па и се што го опкружува. Скоро исто квадрати како и куќата, околу неа се простира кружна тераса на која може да се ужива во утринското кафе и доручек.