16:01 - 1 април, 2026

Поранешната терапевтка на парот открива: Поради ова Џони Деп и Амбер Херд имаа скандалозна врска

Врската меѓу поранешните сопружници со денови ја интригира јавноста. Имено, Џони Деп ја тужи својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета бидејќи таа тврди дека трпела насилство во бракот.

Но, што точно е суштината на нивниот брачен раздор открила поранешната терапевтка на оваа актерска двојка.

Психотерапевтката Лорел Андерсон во своето сведочење изјавила дека со парот се видела на неколку тераписки сесии во периодот од октомври до декември 2015 година. Таа истакнала дека во последните неколку месеци од бракот Џони и Абмер имале бурна врска и дека меѓусебно се малтретирале.

Веќе во мај 2016 година актерката поднела барање за развод, по 15 месеци брак. Тогаш и го пријавила Деп за насилство.

Психотерапевтката ја опишала нестабилната динамика на нивната врска и рекла дека за време на кавгите сопружниците меѓусебно се заканувале дека ќе ги напуштат сесиите. Кога во една прилика дошла без сопругот, Амбер пријавила физички напад и имала неколку видливи модринки на телото. И таа во неколку наврати била насилна обидувајќи се да го спречи сопругот да ја напушти сесијата, вели терапевтката.

„Беше горда кога ќе започнеше тепачка. Кога тој се обидуваше да ја остави за да се смири и да ја прекине кавгата, таа продолжуваше”, изјавила Андерсон, пишува Би-би-си.

Парот имал потешкотии во комуникацијата за време на сесиите, па актерката често го прекинувала сопругот бидејќи била многу напната.

И Џони Деп и Амбер Херд имале искуство со насилство додека растеле. Имено, таткото на актерката бил насилен, додека актерот имал такво искуство со мајка му.

Сепак, Џони Деп добро се контролирал во претходните врски, па немало насилно однесување, тврди терапевтката. Она што било пресудно за оваа врска е токму меѓусебното насилно однесување.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....