01:48 - 11 ноември, 2026

НОВ РОДЕНДЕН, ИСТИ ПРОБЛЕМИ: Кралицата го прославува 96-от роденден, но децата и внуците и понатаму ја загрижуваат

Бабата кралица? „Беше добро што ја видов. Таа е во одлична форма. Сакам да бидам сигурен дека таа е заштитена, опкружена со вистинските луѓе“ – рече неодамна Хари по посетата на баба си.

На прашањето на новинарот дали со Меган ќе одат во Лондон на јубилејните прослави?, Хари одговори – „Сè уште не сум одлучил“.

Кутрата Елизабета. Кралицата денес полни 96 години, но семејството продолжува да ѝ создава проблеми и да ја мачи во мислите. Хари, кој ја посети во Виндзор со сопругата Меган непосредно пред Велигден, изгледа не е подготвен да ги заборави несогласувањата со остатокот од семејството.

„Има уште многу прашања кои треба да се решат“, објасни принцот на американскиот новинар.

Нивната ќерка  Лилибет, која своето име ѝ го должи на Елизабета, сè уште не ја запознала својата прабаба, додека најстариот син Арчи не ја видел повеќе од две години.

Сепак, придружбата од Скотланд Јард која Хари ја бараше за семејството не е главната причина за неговото недоаѓање во Велика Британија.Проблемите се далеку посложени – недоразбирања со неговиот татко Чарлс и брат му Вилијам, со кои Хари размени само неколку зборови откако се пресели во Калифорнија.

За нејзиниот роденден, сепак, кралицата ги оставила своите проблеми зад себе и стигнала до имотот Сандрингам и „колибата“ каде што нејзиниот сопруг Филип се пензионирал во 2017 година. Вуд Фарм е мала вила недалеку од морето која отсекогаш имала посебно место во срцето на Елизабета: тоа е местото каде што таа бегаше со Филип за да бидат мирни, далеку од помпата и  (речиси) без ропство на кралските правила.

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....