6.8 C
Скопје
08:15 - 31 март, 2026

Поранешната сопруга на холивудскиот злоставувач најде нова љубов (ФОТО)

Поранешната сопруга на холивудскиот злоставувач Харви Вајнстин, модната дизајнерка Џорџина Чапман пронашла нова љубов.

Според информациите од американските медиуми, во врска е со холивудскиот актер Адриен Броди. Вестите за нивната врска започнаа да кружат уште минатата година, а изворот близок на дизајнерката потврди дека се заедно.

Тие се запознале додека Џорџина била во брак со Вајнстин, а искрата се појавила во април минатата година на ревијата во Пуерто Рико.

Иако често истакнувала дека по разводот сака да биде сама, се чини дека славниот актер и го променил мислењето.

Да се потсетиме, дизајнерката од поранешниот сопруг се разведе откако во јавноста се појавија бројни обвинувања за сексуално злоставување. Заедно имаат две деца, а разводот го финализираа во 2018 година.

Слични објави

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....