23:17 - 2 април, 2026

Поранешната сопруга на Џони Деп ужива со новата девојка, додека актерот се соочува со вистински пекол поради неа (ФОТО)

Американската актерка и поранешна сопруга на холивудската ѕвезда Џони Деп, Амбер Херд (33), фотографирана е заедно со новата девојка Бјанка Бути (38), додека заедно се шетаат за рака во Лос Анџелес.

Нивната романса запона во јануари оваа година, кога се фотографирани како се пакуваат за одмор во Палм Спрингс во Калифорнија.

Амбер во понеделникот попладне е фотографирана со Бјанка, за време на шопинг во Лос Анџелес.

Ѕвездата на „Аквамен“ шеташе во сини фармерки и црн џемпер, додека на нозете носеше „Велингтон“ гумени чизми, а на раката огромна црна чанта.

Нејзината девојка, пак, носи црна кожна јакна, тесни црни панталони и чизми, додека турка количка со цвеќиња и дрва за огрев.

Фото: Профимедиа

Херд и нејзината девојка се изолираа и социјално дистанцираа, во однос на тоа дека гувернерот на Калифорнија им нареди на сите да останат дома во екот на пандемијата од коронавирусот.

За потсетување, Амбер му предизвика вистински пекол во животот на поранешниот сопруг Џони Деп, откако отвори тужба против него за наводно физичко насилство кое тој го извршил над неа.

Сепак, во одбрана на Џони Деп застанаа неколку славни актерки, како Пенелопе Круз, меѓутоа во меѓувреме на социјалните мрежи исплива и снимка во која Амбер јавно го обвинува Џони Деп.

профимедиа

„Кажи му на целиот свет Џони, кажи им на сите. Јас, Џони Деп, маж, жртва сум на насилство. Па да видиме колкумина ќе ти поверуваат. Ти си поголем и посилен од мене. Јас сум жена од 50 килограми. Ќе станеш во судницата и ќе кажеш: „Таа започна“. Навистина? Судијата и двајцата ќе не погледне па ќе види колкава е разликата меѓу нас“, вели Амбер во видеото.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....