16.8 C
Скопје
12:42 - 11 март, 2026

ПОРАКИ за утеха и поддршка на Роналдо од славните: „Со тебе сме во оваа болка“, „Ти ги испраќам моите молитви“…

Меѓу бројните фанови кои му искажаа сочувство и поддршка, има и многу познати личности, колеги и пријатели на Роналдо. Од Усеин Болт до фудбалски колеги како Маркус Рашфорд, Гери Линекер, Лукас Васкез, Фелипе Мело, и цели фудбалски клубови…

Веста дека Кристијано Роналдо (37) и неговата свршеница Џорџина Родригез (28) го загубија синот – новороденче, ги преплави и социјалните мрежи, а многумина во овие тешки моменти им дадоа пораки за поддршка.

Меѓу многуте фанови има и бројни познати личности и колеги и пријатели на Роналдо како и неговиот фудбалски клуб.

– Вашата болка е наша болка. На тебе и на твоето семејство во моментов испраќаме љубов и сила – му порачаа од Манчестер Јунајтед.

– Потресна вест. Најдлабоко сочувство до тебе и целото твое семејство – напиша водителот Пирс Морган (57).

– Пријателе, ти ги испратив моите молитви и моите чувства во ова тешко време. Господ нека ви ги утеши срцата и нека ви го просветли секој чекор – му порача поранешната фудбалска легенда Пеле (81).

„Реал Мадрид ЦФ, неговиот претседател и неговиот Управен одбор длабоко жалат за смртта на едно од децата што го чекаа нашиот сакан Кристијано Роналдо и неговата партнерка, Џорџина Родригез. Реал Мадрид се придружува на болката на целото семејство и сака да им ја покаже сета своја љубов и наклонетост“, пишуваа од Реал Мадрид.

Парот веста за бременоста на Џорџина ја објави во октомври минатата година, а вчера на социјалните мрежи објавија дека нивниот мал син не преживеал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Слични објави

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....