11.8 C
Скопје
13:20 - 30 март, 2026

Попоски: Временски непогоди во регионот, кај нас – екстремно топло

– Според нашата алатка за рана најава на временски непогоди “NOTHAS”, временските непогоди кои вчера и денес го погодија регионот и не се неочекувани, иако ги изненади тамошните метеоролози. Оваа наша алатка  уште пред неколку денови ги предвиде овие временски непогоди со екстремно ниво 4, локално и максимално ниво 5. “NOTHAS” беше сосема и до час прецизен за временската непогода која вчера рано наутро го зафати Загреб, во Хрватска.

Во Унгарија пак фронталниот систем услови и Суперќелијски облаци, а постои опасност и од појава на торнада.

Кај нас во Македонија и понатаму продолжува екстремно топлиот Африкански бран. Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со екстремно висок Ув индекс (коефициент 10). Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).

Максималните температури во следните најмалку шест до седум денови во поголемиот дел од државава ќе надминуваат 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат и 40 степени, односно максимумот на температурата таму локално ќе се искачи дури до 43 степени. Преку ноќите и во раните утрински часови температурата особено во централните, југоисточните предели, како и во Скопската котлина нема да се спуштат под 20 степени, што значи очекуваме “Тропски ноќи”.

НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат дури над 50 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо
Се вчитува....