11:49 - 30 јануари, 2026

Попоски со анализа на времето за претстојната есен: Очекуваме натпросечно високи температури!

– Најновите излези на нумеричките модели за претстојната есен за Македонија укажуваат на тоа дека ќе имаме натпросечно топло време со релативно високи температури на воздухот, но со просечно количество на врнежи, што значи врнежите ќе бидат во нормалата.

Особено октомври месец ќе ни донесе потопли денови, но релативно топло време со натпросечно високи температури на воздухот ќе имаме во поголемиот дел од овој месец, иако веќе започна климатолошката есен. Поголемо заладување на времето се очекува во ноември месец, кога растат и условите за појава на снег.

Да напоменеме дека иако се очекува релативно топла есен, повремено не се исклучува можноста и за поголемо освежување на времето со потрпосечни температури на воздухот, но и повеќе врнежи.

Првичните анализи за зимата која што ни доаѓа покажуваат дека таа ќе биде со многу повеќе снег и многу повлажна за разлика од изминатите години, но и со чести студени Арктички продори.

Температурите особено во најтоплите централни и југоисточни предели во наредниот период, особено од петок па натаму ќе надминуваат 30 степени, додека во останатите предели тие ќе бидат над 25 степени. Сепак утрата ќе бидат свежи, па така особено во Малешевијата температурата се очекува да се спушти и под 10 степени, додека во останатите предели таа ќе се спушта во интервалот од 10 до 17 степени – вели етеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо
Се вчитува....