21:15 - 4 април, 2026

Попоски: Следните утра многу посвежи, преку ден пријатно топло!

Во Македонија следува период на умерено облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Локално ќе има услови за појава на слаб и краткотраен дожд.

Наутро ќе биде значително посвежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, што значи пеколните горешнити за ова лето и официјално завршија.

Во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно, суво и умерено облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.

Барем според сегашните анализи со кој ние располагаме, нова поголема промена на времето и поинтензивни врнежи кај нас, како и уште поголем пад на температурите на воздухот се очекува во текот на следната седмица. Состојбата будно ќе ја следиме, со што и граѓаните навремено ќе бидат информирани за секоја ново настаната временска состојба – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....