12:15 - 13 ноември, 2026

Попоски предупредува: Температурите на сонце ќе пораснат над 50 степени!

Поради топлотниот бран и екстремно високиот Ув индекс, апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, но и да пијат повеќе течности. Исто така апелираме и на крајна претпазливост, односно граѓаните да внимаваат како се однесуваат во природа, поради опасноста од појава на шумски пожари.

Температурите на воздухот во следните денови на многу места низ Македонија ќе надминуваат 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат и 40 степени, односно таму температурата локално ќе се искачи дури до 43 степени.

Во Скопје и околината за време на овој голем топлотен бран температурата ќе се искачи до 40 степени.

Во соседна Грција пак температурите локално ќе се искачат дури до 46, 47 степени.

НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека директно на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално дури и над 50 степени) – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....