22.8 C
Скопје
16:31 - 2 мај, 2024

Скапотија на јадранското крајбрежје: „Она што беше 50 куни сега е 50 евра“

На терен ја провериле ситуацијата и дознале дека порција печени лигњи се нуди по цена од 32 до 35 евра.

Редакцијата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“ речиси секојдневно е преплавена со пораки и поплаки од локалното население, најчесто поткрепени со фотографии, за тоа како вртоглаво пораснале цените на храната и пијалоците на крајбрежјето и на островите во Хрватска, а особено во угостителските објекти.

Новинарите проверувале дали може да се преживее еден ден во Дубровник со 100 евра и откриле дека тоа не е можно, а туристите коментираат дека во Дубровник сепак е добро, бидејќи Хвар, како што утврдија, е веројатно „најскап на светот“. На почетокот на сезоната килограм цреши чинеа 10 евра, а 40 евра лежалка.

На интернет можете да видите многу за понудата на поединечни ресторани на Хвар, се разбира без цени, па би можело да се дебатира и за исправноста на ваквата „презентација“. Новинарите, проверувајќи ја состојбата на терен, дознале дека порција печени лигњи се нуди по цена од 32 до 35 евра, печено јагнешко месо од 26 до 35 евра, а мешана пица од 13 до 14 евра. Половина литар пиво се продава по цена од седум до осум евра, (не)газираните сокови од четири до пет евра, а два децилитри вино од седум до 10, па и 14 евра, во зависност од виното и сортата. Значи, цените навистина вртоглаво пораснале.

Поглед на дел од понудата од 2021 година покажува дека лигњите на скара се нуделе за само 75 до 85 куни, значи од 10 до нешто повеќе од 11 евра, а сега тие чинат 200 отсто повеќе.

Топка сладолед на Хвар моментално чини од две до три и пол евра. Ако сакате парче пица, набрзина, ќе платите и до осум евра, а на островот кружи приказна дека пред некој ден едно момче дошло во една од локалните пекарници за да земе џамбо пица. Вработените го гледале малку чудно, и два-три пати го препрашале дали навистина ја сака таа пица, што тој упорно го потврдувал, но кога му била предочена сметка од 80 евра, за малку ќе се онесвестил и сакал да се откаже, но работата била веќе завршена – и тој морал да се помири со цената.

Лежалките на плажа се нудат за цена од 20 евра, па многумина се прашуваат дали Далмација ги достигна цените на грчкиот скап остров Миконос. Сопствениците на ресторани пак, се жалат дека сплитско-далматинската општина драстично им ги зголемила концесиските давачки, им земаат уште по седум отсто, а градот Хвар три отсто од пријавениот промет. Тука се уште и ДДВ и други даноци за државата, келнер тешко е да се најде под 1.500 евра месечно, а куварите бараат 3.000 евра, некаде и повеќе. Зголемени се цените и на многу намирници, наводно и рибата е прескапа дури и во набавна цена, па кај професионалните рибари новинарите на „Слободна Далмација“ провериле што и за колку се продава.

Морската риба чини околу 34 евра, октопод и сипа 16 евра, лигњите од 20 до 25 евра, а ракчињата се продаваат од 35 до 40 евра. Но, кога ќе се спореди дали цените во рестораните се објективни, секако треба да се земат предвид споменатите трошоци кои произлегуваат во процесот на работа.

Додека новинарите работеле на приказната за цените, случаен минувач кој во последните години живее и работи во Германија, вели дека „добро се заменети куните за евра“. Тоа што некогаш коштало 50 куни, сега чини 50 евра. Германија, вели, е поефтина од Хрватска, а и големите трговски ланци за храна ги зголемиле цените уште пред почеток на сезоната, кој подоцна тешко се враќаат назад иако сезоната поминала.

(Фото) Репортажа од Халкидики: 60 евра за три лежалки со пијалоци, забрането туширање за оние кои не се гости во барот на плажата

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....