7.8 C
Скопје
10:24 - 1 април, 2026

Попоски предупредува на НЕВРЕМЕ, поројни врнежи и силен ветер (65 км/ч)

– Во следните часови и во текот на претстојната ноќ територијата на Македонија ќе биде под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран од Медитеранот. Насекаде ќе се прошират врнежи од дожд и истите на МНОГУ МЕСТА ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ПОРОЈНИ.

Локално ќе биде и нестабилно со ИНТЕНЗИВЕН ПОРОЕН дожд (над 30 л/м2), грмежи и СИЛЕН ветер (над 65 км/час) и од јужен правец. Поради ваквата состојба, можна е и појава на НЕВРЕМЕ кое може да услови локални ПОПЛАВУВАЊА, па токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ! 

На највисоките планински врвови и тоа особено на северозапад ќе има услови за врнежи од СНЕГ.

Променливото време ќе се задржи и во следните неколку денови кога се очекуваат и нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и СИЛЕН јужен ветер. Снег ќе врне само на највисоките планински места. Температурите ќе бидат нешто пониски во периодот кој што следува и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....