8.8 C
Скопје
04:35 - 4 април, 2026

Попоски предупредува на циклон во Македонија: Невреме и дождови, еве кога

– Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, и на влажна и нестабилна воздушна маса, од денес па во текот на целата недела времето во Македонија ќе биде многу променливо и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд.

Од пладневните часови ќе биде и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ваквата метеоролошка состојба АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат ПРЕТПАЗЛИВИ.

Локално во текот на седмицата ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 50 л/м2). Постои опасност од локални поплавувања.

И во Скопскиот регион понатаму ќе има почеста појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите остануваат без промени и на многу места истите ќе се искачуваат над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачува и над 25 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....