8.8 C
Скопје
21:27 - 30 март, 2026

Попоски предупредува: Чудовишниот циклон се приближува кон Македонија, подгответе се за големо невреме!

Моќниот циконски систем од запад полека му се приближува на регионот и на Македонија и истиот веќе започна да влијае на времето кај нас и тоа условувајќи СИЛНО НЕВРЕМЕ во Далмација, Хрватска. Слаби локални врнежи има и во западните предели од Македонија.

Од денес ќе започне да засилува јужниот и југоисточниот ветер кој би можел да прави ПРОБЛЕМИ понатаму. Особено за време на викендот и во текот на следната седмица во регионот и кај нас во Македонија ќе има чести и ОБИЛНИ врнежи од дожд кој би можел да услови и локални ПОПЛАВИ, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Со продорот на студен воздух од север, во регионот и тоа особено во Словенија, Хрватска и Босна се очекуваат и ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ врнежи кој би можеле да прават исто така проблеми. Особено на планинските места се очекува и ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА.

Кај нас во Македонија врнежи од снег барем засега ќе има само на планините, но постои ОПАСНОСТА од локални ПОПЛАВУВАЊА поради очекуваните ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд кој ќе бидат проследени со СИЛЕН ветер од јуже и од југоисточен правец.

Температурите остануваат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и максималните дневни понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени, додека пад на истите се очекува од понеделник па натаму.

НАПОМЕНА: Поради СИЛНОТО јужно и југозападно воздушено струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, како што е случајот денес. Исто така со овој моќен циклон, зголемен е ризикот од можни поплави и во регионот каде локално се очекува да наврнат над 100 л/м2 воден талог, во Македонија и над 40 – 50 л/м2 воден талог за кратко време.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....