13.8 C
Скопје
12:25 - 24 октомври, 2026

Хегемонистичкиот сон на Србија никогаш нема да се оствари – Вјоса Османи на Фејсбук

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека последните инциденти на северот на Косово, се насочени против уставниот поредок и суверенитетот на Косово и претставуваат повреда на правото на слободно информирање, пренесуваат медиумите во регионот.

Османи на Фејсбук напиша дека „отворената закана од полициска и воена агресија од Србија докажува дека хегемонистичкиот менталитет во таа земја продолжува“.

„Ова мора да биде отфрлено“, вели таа.

„Сторителите на овие кривични дела мора итно да бидат изведени пред лицето на правдата, а правосудните институции веднаш да реагираат. Никогаш нема да има полицајци и војници од Србија на територијата на Република Косово! Хегемонистичкиот сон на Србија никогаш нема да се оствари“, посочува Османи.

Слични објави

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

К.С.

Хороскоп за 24 октомври: Овните ги очекуваат изненадувања, Јарците ќе се посветат на партнерот

Еспресо
Се вчитува....