19.8 C
Скопје
17:42 - 22 октомври, 2026

Попоски најавува снег (и во Скопје), еве каде врнежите ќе бидат најинтензивни

– Во втората половина од изминатата ноќ према утринските часови од денешниот денен на повеќе места низ земјава започнаа врнежи од снег.

Денес на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм. На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег).

Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.

Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка. НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег). Локални врнежи ќе има и утре а посуво време ќе имаме за а викендот. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од – 4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од – 1 до 6 степени. За време на викендот во утринските часови температурите понекаде ќе се спуштаат дури до околу – 10 степени, а во планинските предели и под – 10 степени.

Слични објави

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.
Се вчитува....