-1.2 C
Скопје
01:33 - 19 февруари, 2026

Попоски најавува нова „тура“ дождови, подгответе го чадорот еве кога

Под влијание на нов влажен но и ПОСТУДЕН бран од север, вечерва во западните и во северните, а утре и тоа особено попладне и вечерта и на другите места ќе има нови врнежи од дожд.  На планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од СНЕГ, додека оваа ноќ снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина.

Инаку се до крајот на оваа седмица повремено ќе има врнежи од дожд и тоа од локален карактер.

НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО НО И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО КОЕ ЌЕ ДОНЕСЕ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА И ДО  ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ: Од четврток до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овј дел од годината. Истите тие денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени. Од утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Исто така овој топол бран за овој период од годината ќе услови и транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата територија.

БИОМЕТЕО: Поради наглите промени на временската состојба кај нас, но и поради ГОЛЕМОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ кое накратко ни доаѓа, кај метеопатите се можни ПОГОЛЕМИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ (проблеми со притисокот, лошење, главоболка и сличо). Доколку граѓаните овие денови осетат поголеми здравствени проблеми ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....