17:45 - 2 април, 2026

Попоски најавува НОВА ПРОМЕНА на временската состојба, еве кога!

– До крајот на оваа недела во Македонија продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди. Утре ќе има појава на локални слаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе провејува снег. Снежната граница локално можно е да се спушти и под 1000 м.н.в. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од – 5 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утре ќе има услови за локално проврнување на дожд, додека на околните планини ќе провејува слаб снег. Наутро температурите ќе се спуштат до околу – 1 степен а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени. Во текот на следната седмица очекуваме НОВА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас. Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и ќе има нови повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините особено во западните и во северозападните предели ќе има врнежи од снег. Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од сегашните. Детална анализа околу оваа нова промена на времето следува деновиве! – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо
Се вчитува....