10:20 - 6 април, 2026

Попоски: Доаѓа есенски силен циклон над Балканот, а многу снег на Алпите

– Силен циклон со центар над Џеновскиот залив од утревечер ќе донесе многу снег во алпскиот регион, а од понеделник и големо невреме ширум балканот, кое ќе биде проследено со интензивни дождови, силни ветрови, електрични празнења, како и локално крупен град. Температурите драстично ќе се намалат насекаде во регионот. На алпите понекаде се очекува снежна покривка дури од над половина метар, но и минусни температури.

Токму поради ова постои опасност од локални поројни поплави, па затоа апелираме до нашите граѓани кои се наоѓаат во некои од државите од регионот да бидат крајно претпазливи во случај на појава на силно невреме. Температурите во текот на следната седмица ќе бидат под просекот, односно ќе биде постудено од вообичаеното.

Кај нас промена на времето и локално невреме се очекува во вторник, особено попладнето и вечерта и тогаш температурите ќе се намалат, но нема да бидат толку ниски за разлика од оние кои ќе ги имаме во останатите делови од балканот. Кај нас тие сеуште ќе бидат летни.

Барем според сегашните анализи со кои располагаме, летни денови ќе имаме и во септември месец, иако тогаш започнува климатолошката есен – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....