-4.2 C
Скопје
07:04 - 19 февруари, 2026

Поканета или не, Ким Кардашијан дојде на јубилејот на кралицата Елизабета (во друштво на Пит Дејвидсон)

Инфлуенсерката и нејзиното момче Пит Дејвидсон се во Лондон и – според откритието на Дејли Меил – побарале билети за шоуто и во Палацо и во Би-Би-Си, но без успех: „Не им е грижа дали тие се ВИП билети, го сакаат шоуто, кралското семејство и само сакаат да ја слават кралицата Елизабета.

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се во Лондон, вста е сигурна. Причината за патувањето не е јасна, но според гласините и двајцата сонувале да присуствуваат на Платинум забавата на BBC која се случува во живо, престижниот концерт со меѓународни музички ѕвезди што се оджрува денес ( сабота) – вечер пред Бакингемската палата, за да се прослави платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.

На сцената наизменично ќе се менуваат Дјуран Дјуран, Андреа Бочели, Квин, Ед Ширан, Дијана Рос, Род Стјуарт, Алиша Кис и многу други, а на бината ќе излезат и Дејвид Бекам и Сер Дејвид Атенборо. Концертот ќе трае повеќе од два часа.

Наводно, Ким за овој концерт барала билети и преку врски во Палатата и во Би-Би-Си, но барањето ѝ било одбиено.

Но сепак, Ким е тука, во Лондон, со или без ВИП билет.

Од објавените податоци, 10 илјади билети ѝ беа достапни на јавноста, доделени преку лотарија, покрај 7.500-те поделени на вработените во клучните сектори (како што се медицинските сестри ставени на тест од пандемијата, вооружените сили, добротворните организации). Затоа е веројатно дека до последен момент Ким и Пит ќе се обидуваат да најдат две влезници за концертот, за да ја прослават 70-годишнината на Елизабета „во живо“, ако не најдат – можат да го гледаат на телевизија.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....