11:54 - 31 март, 2026

ПОЧИТ КОН УКРАИНА: Шпанската кралица Летиција со симболична кошула испрати силна порака

Шпанската кралица Летиција носеше посебна кошула, зад шарените везови се крие силно значење.

По повод нејзиниот официјален ангажман во Мадрид, шпанската кралица Летиција Ортиз одбра специфичен моден изглед – црни панталони со висок струк и – една многу необична кошула.

Станува збор за таканаречена Вишиванка, традиционалната украинска кошула која се карактеризира со типични колоритни везови.

Со ваквиот моден избор кралицата всушност покажа солидарност кон народот на Украина во овие големи моменти на очај, почит кон културата и традицијата на земјата која моментално е под опсада.

Преплетувањето на геометриските и цветни украси на кошулата ја раскажува душата и историјата на Украина. Потеклото на овој вез е од далечното минато, од античко време. Со текот на времето, везот стана симбол на украинската традиција, карактеристична форма на уметност на украинскиот идентитет, а главно се користи за украсување облека, но и за украсување различни други ткаенини, чаршави, а се среќава и во традиционалните украински домови и во црквите.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....