10.8 C
Скопје
20:45 - 10 април, 2026

ПОЧИНА СНЕЖАНА НИКШИЌ, глумица која го спаси легендарниот колега од пеколот на алкохолизмот!

Снежана Никшиќ почина во Белград на 79-годишна возраст по кратко боледување. Познатата актерка веќе подолго време е во брак со Љуба Тадиќ.

Актерката Снежана Никшиќ почина по кратко боледување на 79-годишна возраст во Белград, јавуваат српските медиуми. Никшиќ беше сопруга на легендарниот актер Љуба Тадиќ и познато име во поранешна Југославија.

Блиц пишува дека Снежана ја играла главната улога во претставата „Кротка“ на Фјодор Михајлович Достоевски во Југословенскиот драмски театар во Белград кога имала неполни 18 години, а во 1965 година дебитирала во на филмското платно.

Таа се појави во неколку познати филмови, меѓу кои најпознати се „На хартиените авиони“, „Приказна што ја нема“ и „Поздрави ја Марија“.

Љуба Тадиќ одамна изјави дека Снежана е таа што го „подигнала од пеколот“, а парот се запознал во Ателје 212 во 70-тите. Тадиќ тогаш бил на врвот на славата, додека таа била само на почетокот на кариерата. Кога се запознале тој го минувал најтешкиот период од животот поради проблеми со алкохолот, а од се го извадил токму Нишкиќ.

„Кога ја видов на пробата во Ателје, како да видов сонце“, изјави во една прилика Тадиќ. Иако во тоа време таа беше мажена, на актерот не му било грижа. Бил опседнат со неа и ѝ се додворувал долго време. Веднаш штом таа се развела, тие почнаа да живеат заедно и беа во брак 20 години, се до неговата смрт.

Поради Тадиќ, таа се повлекла од театарот во средината на 90-тите, а неговото здравје тогаш било доста нарушено, па таа се грижела за него.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....