06:11 - 4 ноември, 2026

Почина професорот и гитарист Кристијан Волчев: Имаше само 36 години

Македонската музичка сцена остана без уште еден талентиран музичар и врвен уметник, младиот гитарист и професор кој беше инспирација за младите генерации, Кристијан Волчев.

Публиката исто така ќе го памети како гитарист на алтернативниот рок состав „Греј“.

„Неговите аранжмани на „Јовано Јованке“ и „Со маки сум се родила“ се музичко богатство кое ќе остане врежано во македонската култура“, велат неговите колеги.

По неговото дипломирање во класата на проф. Дарко Багески се вработил како професор во нижото музичко училиште Стефан Гајдов во Велес. Волчев бил инспирација на и пример дека младите треба да веруваат во музиката, изјавил еден негов поранешен ученик.

Волчев е роден во Скопје во 1988 година, а спојувајќи ги класичната гитара и современиот звук, неговиот гитарски печат станал препознатлив кај новите генерации.

Во 2022 година Волчев го издал EP-албумот „Synesthesia Live In Skopje“, каде што мајсторски ги споил класичната гитара и кросовер звукот.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....