00:32 - 2 ноември, 2026

Почина музичкиот продуцент и композитор Квинси Џонс

Американскиот продуцент, композитор и текстописец Квинси Џонс почина на 91-годишна возраст.

Публицистот на Џонс, Арнолд Робинсон, изјави дека тој починал во неделата вечерта во неговиот дом во Бел Ер во Лос Анџелес, опкружен со неговото семејство.

„Вечерва, со полни, но скршени срца, ја споделуваме веста за смртта на нашиот татко и брат, Квинси Џонс. Иако ова е непоправлива загуба за нашето семејство, го славиме неговиот извонреден живот и знаеме дека никогаш нема да има друг како него. “, соопшти неговото семејство, пренесува „Гардијан“.

Џонс беше еден од најпочитуваните американски продуценти и музичари и беше веројатно највпечатливите поп-личности на 20 век, најпознат по продукцијата на албумите „Off the Wall“, „Thriller“ и „Bad“ за Мајкл Џексон во 1980-тите, што го направи пејачот најголемата поп ѕвезда на сите времиња.

Неговото најпознато дело, продуцирање на албумот „Thriller“ на Мајкл Џексон од 1982 година, стана еден од најпродаваните албуми на сите времиња, со рекордна глобална продажба и низа хитови кои ја обликуваа поп културата.

Покрај продукцијата на албуми, Џонс соработувал со голем број музички легенди како Френк Синатра, Реј Чарлс, Ела Фицџералд и многу други, што го прави незаменлива фигура во различни жанрови, од џез и ар-ен-би до поп. Исто така, Квинси освои вкупно 28 Греми награди.

Неговиот придонес не беше ограничен само на музичката индустрија. Работел на музика за познати проекти како што се сериите „Roots“ и филмот „In the Heat of the Night“. Неговата работа во филмската индустрија му донесе седум номинации за Оскар.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....