8.8 C
Скопје
19:57 - 25 март, 2026

ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ МИТ ЛОУФ: Семејството не ја објавува причината за смртта, неговиот албум „Bat Out Of Hell“ ќе остане еден од најпродаваните на сите времиња!

Легендарниот музичар Мит Лоуф, чиј албум „Bat Out Of Hell“ е еден од најпродаваните на сите времиња, почина на 74-годишна возраст.

Добитникот на Греми починал во четвртокот вечерта, а причината за неговата смрт нема да биде објавена на барање на семејството.

Веста за смртта на музичарот чие вистинско име е Марвин Ли Адеј ја објави неговиот долгогодишен агент Мајкл Грин, а во официјална објава на Фејсбук се наведува дека во моментот на неговата смрт со него била сопругата Дебора.

Агентот наведува и дека ќерките Перл и Аманда ги поминале последните моменти со својот татко пред да почине.

– Нашите срца се скршени. Мораме да ве информираме дека вечерва почина неповторливиот Мит Лоуф. До него беше неговата сопруга Дебора. Знаеме колку тој им значеше на многумина од вас и навистина ја цениме љубовта и поддршката додека жалиме за загубата на инспиративниот уметник и прекрасен човек, се вели во соопштението на семејството.

Mузичарот е роден во Тексас и ќе остане запаметен по својот уникатен вокал.

Слични објави

(Фото) Сите зборуваат за венчавка помеѓу Јелена Розга и нејзиното 10 години помладо момче: Таа ги спакувала куферите и заминала за Америка

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ мами погледи во минијатурно бикини: Водителката ужива на крстарење на Карибите

Еспресо

Каспер за љубовта со Мина Костиќ: „Научив да се борам за вистинските вредности“

Еспресо

Чолиќ по инцидентот се врати на сцената – Еве што прави музичката легенда периодов!

Еспресо

(Видео) Се налути Марјан Коцев: Ме викаат на свадби, а ми забрануваат да пеам мои песни

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо
Се вчитува....